Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Анализа

Си велам...

Станавме ли полнолетни?

По 18 години, уште не ја оправдавме независноста

Ерол Ризаов

По три дена, Македонија ќе стане полнолетна. Ќе славиме точно 18 години од прогласувањето независна и самостојна држава. Тоа е добар повод малку подлабоко да се преиспитаме што постигнавме во овој период. Дали ја оправдавме слободата и незивисноста, дали живееме подобро и какви ни се перспективите, дали се наѕира иднината на Македонија и нејзините граѓани. Неумоливите статистички податоци велат дека уште не ја оправдавме независноста. Граѓаните на Македонија живеат полошо отколку пред 20 години, поточно од 1989 година. Транзицијата не е завршена. Сиромаштијата е срамно видлива. Безработицата е драматична, а перспективите се доведени до безизлез. Жестоката битка за преживување и гола егзистенција е македонско тажно секојдневје. Евидентен „успех“ се 40-те народни кујни во кои над 4.000 граѓани се хранат бесплатно објавија деновиве македонските весници. Дваесет пати повеќе од оваа бројка луѓе гладуваат засрамени да подадат рака за милостина и чинија храна.

Како капитални објекти државата за 18 години изгради 50 км автопат и една брана „Козјак“ со безначаен енергетски потенцијал. Последниве години државава гради само споменици, музеи, стадиони, цркви, крстови, џамии. Ништо друго. Во приватниот сектор и од странските инвестиции можат на прсти да се набројат продуктивните и успешни вложувања. Затоа, пак, во независна и слободна Македонија успеавме да продадеме за бадијала и, уште полошо, да банкротираме се' што вреди, сите најголеми и најпрофитабилни капацитети кои ги изградија претходниците во еднопартискиот систем. Ни најмалку не доведувајќи го во прашање новиот политичко-економски систем кој докажано во светот е подобар од еднопартискиот поредок, сепак, Македонија не успеа да ја оправда и да ја заслужи независноста и самостојноста на својата нова современа држава. Кој е виновен за тоа? Или, поточно, кој е највиновен за тоа? Апстрахирајќи ги некои објективни и историски околности кои Македонија и пред тоа ја вбројуваа меѓу најсиромашните земји и во Европа и во бивша Југославија, за погубната транзиција и за назадувањето на Македонија највиновни се нашите политички лидери, нашите водачи кои ги биравме во овие 18 години на колку-толку демократски избори. Тие не покажаа ниту демократски капацитет ниту способност вистински да ја предводат државата кон просперитет и во правилна насока.

За вкупните состојби во државата и, според Уставот и според вистинскат�� власт и механизмите на владеење, најодговорни се премиерите и владите кои имаат најголеми овластувања и одговорност за спроведување на реформите што ги направија и ги прават речиси сите земји кои ја пребродија транзицијата.

Две политички партии и нивните лидери во Македонија ја носат најголемата одговорност што дојдовме до ова дереџе. Погодувате: тоа се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Да се потсетиме кој колку владееше овие 18 години. Ако двегодишното владеење на Никола Кљусев и неговата експертска влада го поделиме рамноправно меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тогаш произлегува дека од 18 години ВМРО-ДПМНЕ бил осум години на власт, а СДСМ - 10 години. Без оглед што се изредија повеќе премиери и влади во овие години на полнолетство, главни синоними на македонската транзиција се Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски и Никола Груевски.

Овие тројца политички лидери и нивните приврзаници кои ја сочинуваат македонската политичка елита, вклучувајќи ги тука и албанските лидери и разни коалициони партнери, не успеаја да израснат во големи политички предводници кои ќе ја внесат Македонија во клубот на стабилни и просперитетни држави и демократии. Се разбира, сите тие можат за претстојниот празник да се обвинуваат меѓу себе и да ги набројуваат своите успеси и достигнувања на патот до независноста и самостојноста, но конечниот скор, почитувајќи ги фактите и бројките, е поразителен. Освен самиот историски чин на прогласување самостојна и независна држава, не е остварена ниту една друга стратегиска цел на Република Македонија.

Имаме ли водачи кои можат да не' извадат од сегашната состојба. Како да се препознаат и изберат. Овие прашања деновиве ги постави јавно и угледниот професор д-р Велимир Сриќа од Загреб. Каков е идеалниот водач во кризни ситуации. За тоа д-р Сриќа постави листа од 25 пожелни особини. На секоја од тие 25 може да се одговори со ДА или НЕ. Еве го портретот на д-р Сриќа за идеален водач во кризни ситуации:

1. Опкружен е со способни луѓе, го развива најдоброто во нив и им го подига моралот со позитивен став за светот.

2. Упорен е, но и толерантен, подготвен да ги поднесе поинаквите размислувања, не го наметнува својот став, тежнее кон консензус.

3. Освен стратегиските одлуки што ги донесува сам, повеќето работи ги делегира на соработниците.

4. Ја презема врз себе одговорноста за неуспехот, не бара виновници во соработниците.

5. Тоа е искрена и принципиелна личност, доследна во ставовите дури и кога тоа не донесува полза.

6. Сопствените и туѓите грешки ги смета неопходни за брзо учење.

7. Тоа е личност предадена на целите на целиот состав кој го предводи и е подготвена да се жртвува за општо добро.

8. Не ја прикрива вистината, не манипулира со луѓето и не го зборува она што мисли дека тие би сакале да го слушнат.

9. Личноста е предадена на работата, рано доаѓа на работното место, доцна заминува.

10. Ги почитува луѓето со идеи и ги поттикнува соработниците на постојани иновации и промени.

11. Тоа е личност на теренот и на практиката, ги посетува потчинетите за да се запознае со проблемите и не се затвара во тврдината на својот кабинет.

12. Тој е добар слушател, ги уважува туѓите мислења и не ужива во тоа постојано да се слуша само себе си.

13. Го краси скромност и отвореност спрема сите.

14. Не бега од проблемите и не ги присилува другите да ги завршуваат неговите „валкани работи“.

15. Не бара посебен луксуз и статусни симболи, може да дојде на работа дури и со велосипед.

16. Способен е да зборува јасно и непосредно, да ги поедноставува проблемите и да ги мотивира соработниците.

17. Поголемиот дел од времето го минува работејќи, не сака „шминкање“ во медиумите и не се наметнува на јавноста.

18. Ја отстранува непотребната контрола, судирите ги решава со разговор во четири очи, а не по пат на посредници.

19. Ги исполнува ветувањата, предаден е на својот тим, но секогаш ја почитува правната држава.

20. Поседува силно чувство за грижа кон другите, има изразена социјална чувствителност, се грижи за општото добро.

21. Тој е активна личност, влегува во битка со проблемите штом ги уочи, не чека да дојде до пожар, па тогаш да реагира.

22. Тоа е етична и морална личност, но и флексибилна, приспособувајќи се кон конкретните ситуации.

23. Тоа е амбициозна личност која има високи цели.

24. Тоа е мултикултурна личност, со големо меѓународно искуство и одлично познавање на странските јазици.

25. Тоа е личност со самодоверба, но не е самобендисан, подготвен да учи на грешките и да се менува.

Повеќе од 15 одговори со ДА е мошне добро, а одличните водачи мораат да соберат барем 20. Проверете сами, ако можете без пристрасност, дали сме имале, дали имаме и дали можеме да избереме такви личности.


#
Статијата е прочитана 1974 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 04.09.2009 00:29:02
Po se izgleda nikoj ne se osmeluva da se soochi so realnosta. Bez podrshka od EU Makedonija e bankrot. Posledniot vodach na VMRO Vancho Mihajlov misleshe deka Vardarska Makedonija nema potencijal da opstane kako nezavisna drzhava. Toa go znaea i srbite, a isto i Stojan Andov go imashe porano istoto mislenje.
Од: Trpe original
Датум: 04.09.2009 03:22:09
Mora da priznaam deka sum iznenaden a voedno i voodusheven od vasava kolumna Erole.Napolno objektivna i realna slika za (ne) zrelosta na Makedonija.Liderite i sozdadoa eden imidz na drzavata na nepristoen i nemoralen,siromashen tinejdzer koi eve nebrgu ke stane polnoleten-bez nikakvi idei i celi za toa-sto ponatamu? A koga zboruvate za istrazuvanjeto na profesor Srikja i 25 te pozelni osobini-od dosegashnive nekolkumina apashi koi haraa i uste haraat so Makedonija-ne mislam niti eden od niv da ispolnuva nitu 1 kriterium a ne povekje od 15.Pozdrav Erole i prodolzete so vakov REALEN osvrt na nastanite od drzavata,nemojte da bidete ednopartiski nastroeni kako sto bevte porano
Од: mitko da dopolni i da raskaze prikazna
Датум: 04.09.2009 05:14:55
Kiro ne go stavi megu trojcava odgovorni. A mozebi toj e najgolemoto promasuvanje. Slabost ti e toj. No da ja smenam tema. Navede 50 kilometri izgraden pat za 18 godini. Vo vremeto na vtorata svetska vojna Amerikancite se plasele Japoncite da ne izvrsat invazija na Alaska (tie duri i osvoija nekolku Aleutski Ostrovi ako znaete kaj se tie). Zaradi odbrambeni pricini tie resile da napravat eden avtopat koj preku Kanadskite provincii, bi ja povrzal Alaska so drugite amerikanski drzavi. Avtopatot bil dolg nekolku iljadi kilometri i moral da se gradi preku tezok teren za vreme na zima. I taka napravile, vo tekot na zimata go izgradile toj pat. Sega pazete vo tekot na gradbata tie vo prosek gradele 18 kilometri (10 milji) pat sekoj den. Znaci Makedoncite za 18 godini izgradile50 kilometri dodeka ovie za 1 den gradele 18 kilometri. So ovoj primer mislam deka e jasno na kakvo intelektualno nivo se Makedoncite, i zosto svoite nedostatoci moraat da gi nadomestat so kradenje tuga slava i istorij
Од: mene
Датум: 04.09.2009 06:32:47
Za zal pastirot nemoze ni edno da da osvoi na realnite i visoki kriteriumi,no Erole zaboravivte edna markantna i stabilna licnost da ja vklopite vo retrospektivata za polnoletstvoto KIRO GLIGOROV. Go napisav so golemi bukvi dosledni na deloto na samostojna Makedonija.Celi 24 DA izbrojav vo anketata za sovrsen politicar-vodac.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 04.09.2009 06:53:39
Edna narodna pogovorka veli: Kako i da se zavrtis, gazot ti e sekogas pozadi. Taka da za bilo kakvi problemi i neuspesi na MKD, ekonomija i se drugo krivicata se znae- SDSM i Brane. Treto nema. Cetvrto e Ljubco Tatarinot. A za dobar novinar ce postavam 50 osobini ili tocki i ako ti Erole se najdes vo edna od niv (istoto vazi i za Koljo,Mance...) ce mi bide mnogu drago. Specijalno edna od niv e: Ne ja mrazi zemjata sto nisto loso ne ti napravila, vo ovoj slucaj MKD.Ova ti e WELCOME BACK MY FRIEND !!!
Од: поздрав до ерол
Датум: 04.09.2009 08:35:55
Некои тука што се јавуваат толку често од дијаспората а секогаш очигледно изнервирани од текстовите во Утрински, не научиле најмалку две работи од демократијата: да ја критикуваш власта значи да сакаш да дадеш свој придонес во подобрувањето и второ ако ја критикуваш власта не значи дека не си ја сакаш државата. Резиме:Аце од Австралија и таквите како тебе, Македонија не е ВМРО ДПМНЕ.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.09.2009 08:54:56
Вината за сегашната состојба на економски план во најголем дел е од криминалната приватизација 1994 кој ја направија со благослов на оние од 1989 год .(тогаш СКМ) кој сега се во опозиција.Пострашно и од национализацијата 1946 год.Тука се и да не заборавиме и оние од ВМРО на чело со благонадежниот блгарин кој во време на војната 2001 год.вршеа криминална продажба на она преостанатото од криминалната приватизација а беше од суштествена корист на државата.Сето ова се знае но каква корист од тоа,само служи во компаративни релации пом��ѓу партиите.
Од: don kihot
Датум: 04.09.2009 09:05:05
Glavnata pricina za nasiot zastoj, vo razvojot e nedostatok na drzavotvornost , odgovornost cesnost i rabotlivost.Mentalitetot isto taka igra golema uloga ,a najpoveke cesnosta.Koj kako doagase na vlast gi stitese interesitae na sopstvenata partija a ne Makedonskite, se kradese na sekakov nacin, nestrucnosta vo rasprodavanjeto na Drzavniot imot, vo interes na partiite, provizii i slicni stetni javni nabafki, koi ne pratat 18 godini.Pa kako ke trgneme napret, koga onie sto trba da go povedat narodot vo podobra perspektiva go kradat, i go unazaduvaat.Posle 18 godini Makedonija "uspea" da stane siromasna provincija na Balkanot koja nema bas nikakvo politicko i ekonomsko vlijanie vo regionot, a kamoli na Evropsko nivo.Sega vaka zatvoreni vo sostvenata Zemjicka, so isprani mozoci na siromasnata masa, cekame na podobro utro, koe ne sme go srabotile, i ne go zasluzuvame.Koj e vinoven?
Од: henkok
Датум: 04.09.2009 09:13:45
Ja citam kolumnava i celosno se soglasuvam.gledam sekogas kriticki na se sto se pravi vo drzavava.Ama koga ke procitam komentar vo stilot na deckoto od Avstralija,ne mozam a da ne reagiram.Ocigledno e deka covekov ne e blisku do realnosta.Zaslepen kako i mnogu drugi.Ednostavno ne saka da razmisluva i da gleda nadvor od rozoviot film koj ni se nudi sekoj den.Do koga,se prasuvam,nekoj drug ke bide vinoven za se sto ni se slucuva vo momentot. Razbudi se selance od Avstralija !!!!!!!
Од: Alek
Датум: 04.09.2009 09:15:20
Одлична анализа, Ероле! До веб мастерот: Абе не ставајте секакви бладања како овој Аце од Австралија, аман веќе! Дискусија под секое ниво, врска нема со темава, само да се кажело нешто.
Од: Donald Duck
Датум: 04.09.2009 09:51:31
Od site bivši Ju-prostori, Stipe Mesić bi osvoil najveke poeni. Za nasive nemam so da komentiram.... PS. Ace od Avstralija e najdobar lik vo komentarive. Nema den slatko da ne me nasmee....treba Utrinski da izvadi edna kompilacija od komentarite na Ace....polupismeniot expert za se i sešto....
Од: Стар внимателен читател
Датум: 04.09.2009 10:54:34
До Трпе Оргинал и другите. Прво предмет на налаизата на Ризаов не се претседателите на државата туку Партиите, владите и премиерите како уставно и рално нјаодговорни за економската и политичката состојба. Второ Трпе ти изгледа од неодамна си почнал да читаш весници па затоа не знаеш што порано пишувал Ризаов и како пишувал. А ти Аце од Австралија си застал во некое друго време. Абер немаш од ништо, , глуп партиски војник.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.09.2009 11:16:32
Ех, Ероле. Како само успеа да ги опишеш Шерифот McCloud и неговата с-вита? Тие се токму тоа - чиста Спротивност на сè она што го истакнал д-р Сриќа! Но секако, во ваквата спротивност ќе се препознаат и поголемиот број „генијални“ пастири од опозицијата, наведени (и ненаведени) во твојот текст!
Од: kaktus
Датум: 04.09.2009 11:22:09
Ероле, брат. Добар ти е текстот. Само зоборави да го спомнеш и капиталниот објект-резиденцијата на Водно, кајшто сега е претседник Ѓоле, која со години се градеше.А требаше, стварно, кон тројцата јавачи на апокалипсата да го спомнеш и четвртиот-Киро. Исто требаше да ја спомнеш и зданието пред Трговски во Скопје.
Од: bramoni
Датум: 04.09.2009 11:41:20
Aman Erole, nemoj drugpat da ostanuvas tolku dolgo na godisen odmor. G lisuvas plukacite i nacionalistite od egzibicii. A dodeka te nemase nikade gi nemase. E sega, udri mu go esapot sto format se. Inaku istite nikade gi nema da komentiraat vo rubrikite za ekonomija (najbitna za nas ) Ke prasas zosto, zasto se samo nedoucena i nedokvakana partiska falanga. A ovie preku okeanot navodno sto ja sakaat Makedonija, neka si ja pulat svojata rabota i nacionalen identitet kojsto si go setaat de vamu de tamu.
Од: јас
Датум: 04.09.2009 11:52:14
Читам , читам во наброениве особини , ама за пастирот можам да потврдам само едно ДА, она дека „работи“ 24/7...Можеби подобро ќе беше да не работеше толку, можеби немаше да сме на ова дереџе ...
Од: boki
Датум: 04.09.2009 11:53:20
do ace od avstralija ako si ja sakas zemjata tolku vratise vo mkd ova ti og kazuvam zasto samu kaj nas mozes da se obrazuvas vo vistinski inelektualec,pa ke pocnes od zabaviste prvo do cetvrto odelenie,ke zavrsis osmoletka i posle ke te zaposeme sredno uciliste.pa ako sakas i na fakultet ke te pratime.kolku ve ima tamu nepismeni ....................i prekini poveke da se javuvas so komentari ni ja brukas nacijata.
Од: Трпе.
Датум: 04.09.2009 12:33:29
Дали полнолетноста треба да се цени по годините или по созреаноста.Ако се цени по второто,далеку сме од полнолетност.Сегашниве политичари не научија да се дружат и нормално е да не знаат и тимски да соработуват.Сегашната власт се сака некој друг да биде виновен за нивните постапки.Се кријат се позади друг ,значи не се способни да носат одлуки.А за крадење,крадат и малолетници.
Од: Стојан
Датум: 04.09.2009 15:01:34
После осумнаесет години: 1. Сеуште немаме расчистено како ќе се викаме 2. Не си го знаеме идентитетот 3. Скарани сме со сите наши соседи 4. Општеството е тврдокорно поделено по етнички линии 5. Повеќе од една третина од граѓаните се без работа 6. На дното сме по сиромаштија и корумпираност во Европа 7. Едвај чекаме да добиеме виза и да избегаме надвор 8. Најголемите партии работат отворено на поделба на земјата. Во ваква состојба не сум сигурен дали оваа земја ке ги преживее идните неколку години.
Од: Vlav
Датум: 04.09.2009 16:41:36
Целата македонска политичка филозофија, барем во последниве 18 год., неазависно од тоа кој е на власт, се состои во следново: Да се дојде до власт, а потоа да се покради и до максимум задолжи и осиромаши населението. На тој начин малкумина властдршци се стрекнуваат со непроценливи богатства. Се додека не се размислува на стопански развој, со инвестирање во стопанството и со продуктивни вработувања во стопанството, дотогаш оваа мала држава ќе пропаѓа и осиромашува. Свести се македонски народе!
Од: AA
Датум: 04.09.2009 16:45:48
Браво. Жално што нема кој да ги разбере пораките.

Најди! во Утрински
Анализа