Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

„Македонски телеком“ засади дрвца и цвеќиња во десет основни училишта

Да се засадат 100 сливови дрвца и 2.000 цвеќиња за да се разубават дворовите на десет основни училишта е целта на пролетната акција на „Македонски телеком“. Неговите претставници заедно со децата и наставниците вчера го разубавија дворот на основното училиште „Лазо Трповски“, а со нов хортикултурен аранжман заблескаа уште девет двора на основни училишта во Скопје. По десет сливови дрвца и по 200 цвеќиња беа засадени и во основните училишта „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „Коле Неделковски“, „Дане Крапчев“, „Лирија“, „Невена Георгиева - Дуња“, „Јан Амос Коменски“, „26 Јули“ и „Климент Охридски“.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест кај младите и да се воспостават навики за зачувување на животната средина. Разубавувањето на училишните дворови е поттик за учениците да водат грижа за околината во која се образуваат. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар

Од: ЗСС - Скопје
Датум: 31.03.2009 08:02:35
Ова е вистински добра рабоата. На илјадници и илјадници мали површини се гради културата кон зеленилото и еколошкат свест. Браво за иницијаторите, браво за исполнувачите!

Најди! во Утрински
Скопје
Итно е потребна измена на Генералниот план
Политички притисок на „алфите“ во пет села
Нов асфалт на улицата „Б-9“
Најважно е да се решат комуналните проблеми
Нови жардиниери на че��ири булевари