Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Политички притисок на „алфите“ во пет села

Жители од пет месни заедница од селата Огњанци, Средно Коњаре, Долно Коњаре, Петровец и ’Ржаничино, сите во Општина Петровец, се жалат дека „алфите“ го нарушувале јавниот ред и мир, вршејќи политички притисоци врз населението. Тие нагласуваат дека откако е започната изборната кампања, „алфите“ потпомогнати од симпатизерите и лично од кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски, присилно ги терале граѓаните да гласаат за него. Жителите од овие населени места се жалат на силен политички притисок, поради што не можат да си го остварат своето право на глас. Од страна на „алфите“ се вршело агитирање за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во сите населени места каде што патролирале тие, го каменувале изборниот штаб на независниот кандидат Ѕвонко Цветковски, ги заплашувале и ги повикувале на разговор неговите симпатизери и притоа ги уценувале со нивните работни места. Петте месни заедници за актуелните случувања испратиле писмен извештај со потписи од жителите до МВР, потоа до Државната изборна комисија, до мисиите на ОБСЕ и ОДИХР, Европската комисија, народниот правобранител и до медиумите.

Од МВР велат дека писмениот извештај го добиле уште во петокот и Внатрешната контрола по службена должност веќе постапува по него. Се преиспитуваат случувањата на кои се пожалиле жителите и доколку се утврди одговорност, или пречекорување на овласувањата на полициските единици, односно доколку се констатира дека било постапувано спротивно на надлежностите, ќе бидат преземени соодветни мерки. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 473 пати.

Испрати коментар

Од: a
Датум: 31.03.2009 09:26:24
Aman be ovie do koga ke teroriziraat. Mi licat kako na nekoi od aziskive drzavi, kade stepenot na obrazovanie im e nula. Pa spored ova sto go gledam i na ovie nasive dpmne stepenot na obrazovanie ne im e nesto povisok.
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 13:46:53
Ako se zeme statistikata za Alfite, ovi se partiska policija. Kolku pati dosega se desilo da tepaat nedolzni gragani, da predizvikuvaat incideni niz gradot, i dali tie se nekakva policija ili huligani. Procitav vo vesnik, se bara pomos, za 14 godisno dete od Skopje koe ima tumur vo grloto. Za operacija im pobarale 20.000 Evra a familijata gi nema tie pari da gi plati, pa ima apel za pomos po vesnicite vod rzavata i nadvot od neja. Koga covek ke zamisli, ovcarot trosi milionski sumi za reklami, za lazno gradenje na rajtingot, za dnevnici na alfite sto go maltetiraat svoite gragani a nema pari da odvoi sa mu se pomogni na ova detence koe idninata e pred nego. Zarem ne e stramota na ovcarot rajtingot mu e povazen od eden detki zivot, zarem ne e stramota da trosi narodni pari za gluposti a ne za da se spasi ova kutro detence. Ova stram za site nas, ako ne smesposobni da obezbedime 20.000 Evra za operacijata na deteto, da ne postoime kako narod a i kako drazava.

Најди! во Утрински
Скопје
Итно е потребна измена на Генералниот план
„Македонски телеком“ засади дрвца и цвеќиња во десет основни училишта
Нов асфалт на улицата „Б-9“
Најважно е да се решат комуналните проблеми
Нови жардиниери на четири булевари