Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

И Бугарија и Романија ги дискредитирале Ромите

Хелсинки - Двајца пратеници од финскиот парламент поднеле жалба во Европската комисија во врска со лошиот однос спрема Ромите во Бугарија и Романија, пишува денеска весникот „Хелсингин саномат“.

Социјалдемократот Јакоб Содерман и членот на Националната коалициска партија Еро Аканен-Пентилја тврдат дека во однос на своите Роми владите во Софија и во Букурешт ги нарушуваат основните принципи на ЕУ, кои забрануваат секаква дискриминација по пол, раса и етничко потекло.

„Се смета дека дискриминацијата на Ромите во Бугарија и во Романија е една од причините голем број од нив да мигрираат во други земји, вклучувајќи и во Финска“, пишува весникот. Според пратеникот Содерман, Европската комисија треба да им покаже на земјите-членки дека треба да се почитуваат законите. Од 1995 до 2003 година, Јакоб Содерман бил омбудсман на ЕУ, додава „Хелсингин саномат“.

ЕК добива голем број жалби, но според Содерман, тоа не ја намалува вредноста на иницијативата на двајцата пратеници, кои финското издание ги нарекува „стари, мудри и лесно гневни мажи“.

„Хелсингин саномат“ истакнува дека Европската комисија врши притисок врз Франција поради прогонот на Роми, но, според Содерман, Комисијата е единствениот орган што може да ги натера Романија и Бугарија да го решат ромското прашање. (МИА)


#
Статијата е прочитана 974 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Запалени цистерни на НАТО во Пакистан
Јошка Фишер
Кинескиот премиер во Грција
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma