Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница

Под превезот на ноќта Кореја бил извлечен од болницата во инвалидска количка додека беснеела борба меѓу војниците и полицајците

КИТО - Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореја, е спасен од болницата во главниот град Куито каде беше под опсада неколку часа поради безредијата од незадоволните полицајци. Се слушаа истрели кога армијата тргна во акција да го ослободи претседателот, кој беше таму поради лекарски третман откако беше нападнат од полицијата со солзавец.

Две лица загинаа, а десетици беа повредени во нередите, открија официјалните лица. Претседателот и неговите поддржувачи посочија дека полициското незадоволство околу новиот закон со кој се намалуваат бенефициите за државните службеници прерасна во обид за државен удар.

Кореја, 47-годишен економист образуван во САД, дојде на власт во 2007 година, а во 2009 година освои и втор мандат, и покрај одлуката за неисплата на 3,2 милијарди долари глобални обврзници што предизвика големи фискални проблеми за власта.

Кореја беше засолнет во полициската болница каде беше згрижен откако беше погоден од солзавец во нередите. Стотици полицајци лути поради законот со кој ќе им се намалат нивните бенефиции, изгледа го спречиле да ја напушти клиниката. Под превезот на ноќта Кор��ја, наводно, бил извлечен од болницата во инвалидска количка додека беснеела борба меѓу војниците и полицајците.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи пред претседателската палата, Кореја рече дека се надева оти настаните во текот на денот ќе служат „како пример за оние што сакаат да донесат промена и да ја запрат револуцијата на граѓаните без да излезат на избори“. „Упатувам голема благодарност до оние херои што ме придржуваа низ ова тешко патување“, изјави тој, а пренесе Ројтерс. „И покрај опасноста, дојдоа министри и политичари за да го дадат својот живот ако е потребно. Со таа храброст, со таа лојалност, ништо не може да не' порази“.

Командантот на полициските сили на Еквадор поднесе оставка, изјави вчера портпаролот на полицијата. Драмата почна во четвртокот изутрината кога припадници на вооружените сили и полицијата бесни поради мерките за штедење зазедоа неколку касарни и поставија блокади на патиштата низ земјата. Од телевизиските снимки се гледаше како полицајци палат гуми на улиците на Куито, Гајакуил и други градови. Исто така, беше заземена и зградата на Националното собрание. Полицијата на неколку часа ја презеде и контролата врз меѓународниот аеродром во Куито. Има информација за грабежи во главниот град и во најголемиот град во земјата, Гајакуил. Беа ограбени неколку банки, а училиштата и бизнисите беа затворени. Перу и Колумбија ги затворија своите граници со Еквадор во знак на солидарност.

Во емотивниот говор до војниците од главната касарна во Куито, претседателот Кореја откопчувајќи ја кошулата, рече: „Ако сакате да го убиете претседателот, еве го. Убијте ме ако сакате. Убијте го ако сте доволно храбри“. Неколку мига подоцна, тој беше принуден да ја напушти касарната носејќи гас-маска кога од страна на демонстрантите беше истрелан солзавец и тој беше однесен во болница.

Во текот на денот Кореја доби силна поддршка од властите во двете Америки, каде што неколку латиноамерикански држави и САД му дадоа поддршка на нападнатиот претседател. Неколку часа по ерупцијата на насилство во Еквадор, јужноамериканското регионално тело УНАСУР свика вонреден состанок. Кореја ја виде вината на поттикнување на нередите во партијата Патриотско општество предводена од Лусио Гутиерез и рече дека „лошите елементи“ во полициските сили „ќе бидат отстранети“.

Во средата еден министер изјави дека претседателот ја разгледува можноста за распуштање на Конгресот бидејќи членови на неговата Алијанса за земјата се заканиле со блокада на предлозите за намалување на бирократијата. Две години стариот Устав на Еквадор му овозможува на претседателот да прогласи вонредна состојба и да владее со декрет се' до одржување на нови избори. Меѓутоа, таквиот потег би требало да биде одобрен од Уставниот суд. Дописникот на Би-Би-Си во соседна Венецуела јави дека Кореја се' уште би можел да се одлучи за владеење со декрет во напорите и натаму да остане на власт. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Запалени цистерни на НАТО во Пакистан
И Бугарија и Романија ги дискредитирале Ромите
Јошка Фишер
Кинескиот премиер во Грција






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma