Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Јошка Фишер: Ако не се разбудиме ќе осиромашиме

Австриското, француското и германското противење на приклучувањето на Турција на ЕУ со тек на време ќе исчезне, предвидува поранешниот германски министер Јошка Фишер

БРИСЕЛ - Австриското, француското и германското спротивставување на приклучувањето на Турција на ЕУ со тек на време ќе исчезне, предвидува поранешниот германски министер за надворешни работи, Јошка Фишер. Говорејќи во Брисел при формирањето „Група еминентни личности“, тој изјави дека Европа треба да ја пополни својата работна сила, која старее, а тоа, пак, влијае Турција да ги смени перцепциите, па таа, а не ЕУ, на крај би можела да ги отфрли плановите за прием. „Ние може да тропнеме на вратата на Анкара и никој да нема дома“, предупреди Фишер. „Ако ги погледнете Франција и Германија, не треба да бидете пророк за да видите дека работите ќе се променат“, додава тој. „Европската економија во иднина ќе зависи од нејзината отвореност. Потребна ни е имиграцијата, таква е математиката. Или Европејците ќе се разбудат или ќе станеме посиромашни“.

Поранешниот политичар од редовите на Партијата на зелените е добро платен советник за конзорциумот „Набуко“ и се обидува да изгради гасовод во Турција. Групата од Советот на Европа, со која тој претседава, ќе ги проучува проблемите со растечката нетолеранција во Европа, на што сме сведоци со неодамнешното протерување на Ромите и подемот на десничарските партии, дури и во традиционално либералните земји како што е Шведска.

Турција, дом на најбројното муслиманско и ромско население во Европа, ќе има огромна сила во ЕУ ако и' се приклучи. Меѓутоа, во исто време средна возраст на населението е само 28 години, наспроти 42 во Унијата, а нејзината економија забележа раст од околу 11 проценти во првата половина од годинава во споредба со еден-два процента во ЕУ.

Нејзината доверба на светската сцена во последниве неколку години се зголеми, како и онаа на силата во подем, Бразил. Двете земји во мај излегоа со алтернативен план за справување со нуклеарните амбиции на Иран, предизвикувајќи го авторитетот на таканаречената група П5+1 со Германија, Франција, Велика Британија, Кина, Русија и Америка, која ја монополизираше меѓународната дипломатија на Иран се' дотогаш.

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле од партијата Слободни демократи, во германската коалициска влада неодамна зборуваше во иста насока како и Фишер. „Во наш интерес е перспективите на Турција да останат европски и западни“, изјави тој на прес-конференцијата во средата во Вашингтон. „Понекогаш ме запрепастува како суверени земји, кои денес се влијателни, можат да претпоставуваат дека работите секогаш ќе бидат такви“, изјави тој за „Волстрит џурнал“, една недела претходно.

Велика Британија и Шведска се најголеми поддржувачи на приемот на Турција. Меѓутоа, централнодесничарската партија Демохристијанска унија на германската канцеларка Ангела Меркел, Австрија и Франција продолжуваат да наведуваат дека таа треба да биде „привилегиран партнер“ место членка на ЕУ. Во меѓувреме Кипар стави вето на отворањето на осум поглавја и на затворањето на кое било поглавје во изминативе пет години на разговори за прием поради територијалниот спор.

Анкара се надева дека уште едно поглавје (за конкуренцијата) ќе биде отворено до крајот на годинава, а оти уште три (за јавни набавки, образование и енергија) ќе следуваат во 2011 година. Меѓутоа, нејзините дипломати не се срамат да ја изразат фрустрацијата од бавното темпо на напредок. „Навредливо е да се понуди нешто (привилегирано партнерство) што не постои“, изјави Егемен Багис, турскиот помлад министер за европски прашања и главен преговарач за прием во ЕУ, пред новинарите во средата во Брисел. „Имам доверба во демократизацијата и во економскиот просперитет на мојата земја. Да бидам искрен не сум толку убеден во вашиот економски просперитет. Ние не доаѓаме со дополнителен багаж во ЕУ, ние доаѓаме да преземеме дел од товарот на Европа. Моето ново мото е: ’Издржи Европо, Турција доаѓа да те спаси’“.

Багис гледа сојузник во ЕУ-комесарот за надворешни работи, Британката Кетрин Ештон, и нејзиниот колега, комесарот за проширување, Чехот Штефан Фуле. Потсетувајќи се на неодамнешниот шестчасовен состанок со двојката во Истанбул, помладиот министер изјави: „Таа е многу паметна, интелектуално добро подготвена, мудра дама, која е детаљно запозната со проблемот... Јас можам да разговарам со нив и тие можат да разговараат со нас“. (ЕУ обсервер)


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: Bugarin
Датум: 02.10.2010 13:47:53
Fes vo EU-nikogash!
Од: jankuloski
Датум: 03.10.2010 08:05:29
Pak li obvoj so napis vo Utrinski?Torov od Belgrad, Joska od Berlin.Ne znam kogo prvo da go odbegnam da go citam.

Најди! во Утрински
Свет
Запалени цистерни на НАТО во Пакистан
И Бугарија и Романија ги дискредитирале Ромите
Кинескиот премиер во Грција
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma