Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Свет

Кинескиот премиер во Грција

Атина - Кинескиот премиер Вен Џијабао утре ќе пристигне во тридневна официјална посета на Грција, придружуван од делегација од осуммина министри и заменици на министри.

Ова ќе биде прва посета на кинески премиер во Грција во последните 24 години.

Се очекува премиерот повторно да го потврди интересот на кинеската влада за реализација на нови инвестиции во Грција, главно, во областа на морскиот превоз, бродоградбата и трговијата.

На првиот ден од посетата Ван Џијабао ќе оствари средба со грчкиот колега Јоргос Папандреу, по што ќе го посетат пристаништето во Пиреја.

В недела грчкиот претседател Каролос Папуљас ќе организира свечен ручек во чест на кинескиот премиер, а подоцна Џијабао ќе се сретне со лидерот на опозициската Нова демократија, Андонис Самарас.

Прва цел за време на престојот на кинеската делегација ќе биде изградба на нов трговски центар во Тријасио. Оваа инвестиција ќе изнесува 150 милиони евра. Кина продолжува да се интересира за реализација на голем проект за претворање на Пиреја во главен морепловен центар во регионот.

Кинескиот амбасадор во Атина, Ло Линцуан, истакна дека премиерот Џијабао за време на посетата на Атина ќе треба „да и' изгласа доверба“ на грчката економија.

По Грција, кинескиот премиер ќе ја продолжи својата турнеја во Италија, Белгија и во Турција. (МИА)


#
Статијата е прочитана 634 пати.

Испрати коментар

Од: Stojko
Датум: 03.10.2010 10:59:54
Normalno, nas ke ne zaobikolat, pred se poradi priznavanjeto na Tajvan za MILIJARDA $. A Cile, Cile...
Од: Kinez
Датум: 03.10.2010 12:47:01
A Makedonija?

Најди! во Утрински
Свет
Запалени цистерни на НАТО во Пакистан
И Бугарија и Романија ги дискредитирале Ромите
Јошка Фишер
Бунт во Еквадор, претседателот под опсада во болница






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma