Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Ни ОХИС не сака никој да го купи

Тендерска документација не подигнала ниту една компанија, истото тоа се случи и со другите загубари

Маја Томиќ

Досега нема заинтересирани фирми за купување на ОХИС, велат од Министерството за економија, а многу веројатно дека и во наредните неколку денови нема да има конкретна понуда од инвеститор. Овој загубар по петти пат се нуди на продажба, исто како и другите загубари, а рокот на последниот јавен повик завршува на 2 ноември. Досега тендерска документација не подигнала ниту домашна ниту странска фирма. Од Економија велат дека официјален коментар ќе имаат кога ќе заврши рокот на 2 ноември.

По неуспешната продажбата на останатите загубари, Владата веќе изрази песимизам и за ОХИС. Деновиве вицепремиерот Владимир Пешевски изјави дека, најверојатно, и овој тендер за ОХИС ќе заврши без успех, а потоа и за оваа фирма ќе се смислуваат поинакви тендерски услови, што следи и за другите загубари.

Владата летово го иззеде ОХИС од пакетот на прилепските „Еурокомпозит„ и „Тутунски комбинат“ и охридски ЕМО. Одлучи фабриката да ја продава како посебна целина поради проблемот со државната сопственост на земјиштето на кое е лоциран објектот. Дали можеби и превисоките критериуми поставени во јавниот повик ги одвратија потенцијалните инвеститори ? И за ОХИС важеше правилото како за другите загубари, идниот инвеститор да ги задржи на работа сите вработени во наредните 5 години, што според Пешевски, беше најголемата бариера за инвеститорите. Следното на што беше обврзан во наредните пет години е банкарска гаранција од два милиона евра, додека за учество во тендерот се бараше гаранција од 35.000 евра. Стратегискиот инвеститор, правното лице, требаше да има остварено и годишен приход во изминатите две години од по 20 милиони евра, додека ако стануваше збор за финансиски инвеститор, неговиот годишен приход требаше да изнесува 50 милиони евра.

Инаку, ОХИС се продава со обврски од 2009 година во висина од 16,9 милиони евра, со остварена загуба од 6,37 милиони евра и со 877 вработени. Овој загубар само за шест месеци од годинава акумулира загуба од плус еден милион евра.

Моделот и критериумите за последниот тендер за загубарите, како што е веќе познато, беа изработени од консултантите „Дилоит и Туш“ и „Бул брокерс“, како гаранција дека тој ќе биде така скроен што ќе привлече инвеститори. За таа цел, од државната каса беа искеширани 700 илјади евра. Сега по неуспехот, Владата најави дека ќе подготви поинакви критериуми, а, најверојатно, ќе се оди на варијантата продажба преку директни преговори со потенцијални купувачи или со наддавање или, што би се рекло, очи в очи.


#
Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар

Од: dd
Датум: 28.10.2010 12:50:07
si kupija vmrovcite 4 celi godini socijalen mir so toa sto zabusavaa za zagubarite na site mozni nacini...gi lazea rabotnicite eve sega kje bide, denes utre kje ve kupi nekoj, za toa vreme drzavata ja zaglavija uste poise zaso sega koga drzavata e tamu gazda, taa dvoi za plati i funkcioniranje kakvo takvo na fabrikite
Од: jovan
Датум: 28.10.2010 14:32:06
Vo ovaa drzava nikoj veke nisto nema da kupi, ni za dolar da go ponudime, a ne pak milioni da plakaat. Toneme.
Од: kral
Датум: 28.10.2010 15:30:56
Подобро никој да не ги купи одколку да дојде некојси од некаде па да си игра и со вработените и со државата како што е случај со СУВЕНИР од Самоков.

Најди! во Утрински
Економија
Еврообврзница или ММФ - прашање е сега
Министрите пак ќе ги мирисаат цвеќињата
Ако сакаме во ЕУ, цената на струјата мора да расте
Македонија доби 200 милиони долари од Светска банка
Индустријата падна за 11,9 отсто
Заштедите побрзо растат од кредитите






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000