Уметниците да го зачуваат достоинството
Синдикатот на сценско-музичките уметници на Република Македонија по повод неодамнешното непријатно искуство од патувањето во Франција одржа состанок со министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. На средбата присуствуваа и директорите на МОБ.
Како што информираат од Синдикатот, „на министерката и' биле предочени сите факти, информации и ставови во однос на патешествието низ кое поминаа уметниците од МОБ на патувањето во Франција, но и информациите и ставовите што ги презентирале директорите на МОБ и изразила згрозеност од начинот на кој со нас срамно се однесуваа француските домаќини, од целокупната нивна организација во однос на престојот на нашиот ансамбл во Безие и изразила разочарување од фактот што тоа воопшто било дозволено. По сето ова, министерката уште еднаш, како и многупати досега, ни даде целосна поддршка нам, на уметниците“, велат од Синдикатот и го поддржа нашиот став да го сочуваме своето достоинство, пред се', како луѓе, но и достоинството на државата и по сите организациски недостатоци да не настапиме во амфитеатарот во Безие. На крајот од состанокот добивме уверување дека Министерството за култура ќе ги преземе сите активности во однос на утврдувањето одговорност за пропустите при гостувањето на МОБ во Безие, Франција“. (К.Р.) |