Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Здравствените работници го замрзнуваат членството

ТЕТОВО - Вкупно 1.002 здравствени работници од Клиничката болница и Здравствениот дом-Тетово ќе го замрзнат членството во Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита поради тоа што повисокиот орган не го почитувал сопствениот статут.

Д-р Благица Петрушевска, претседателка на Синдикалната организација, вели дека Советот одлучил да истакне само еден кандидат на синдикалниот конгрес што ќе се одржи до крајот на месецот.

„Советот нема таква ингеренција. Статутарна обврска е само да евидентира кандидати и да состави листа, а не да се определува за единствен кандидат. Раководството на нашата синдикална организација реагира до претседателот на ССМ, Статутарната комисија и до други релевантни фактори за да се спречат нестатутарните одлуки. Ако ова не се промени до конгресот, најбројната организација, најверојатно, ќе дејствува самостојно“, изјави вчера д-р Благица Петрушевска. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 575 пати.

Испрати коментар

Од: Кемал Ататурк
Датум: 20.12.2010 14:44:23
Централизација наместо демократија во секој аспект од општественото живеење. Ова го немало ни во ТУРСКО!

Најди! во Утрински
Македонија
Зимувањето привилегија за богатите
Маглата го затвори скопскиот аеродром
Опасно свлечиште на патот кон Пелистер
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks