Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Отстрелана дива свиња од 250 килограми и волк

ПРИЛЕП - Единаесет прилепски ловџии на Бадник, во месноста Црници, над манастирот „Свети Ѓорѓија“, по стариот пат за Велес, отстрелале дива свиња тешка 250 килограми. Според ловџиите, реткост е да се отстрела толку голема дива свиња, а освен тоа ова животно е мошне итро и тешко е да се фати.

„Ја следевме, направивме обрач и ја отстрелавме. Десет мажи речиси два часа ја влечевме дивата свиња до џипот за да ја донесеме во градот“, вели Влатко Кусибојоски, еден од ловџиите, член на ловечкото друштво „Мукос“. Неодамна, група ловџии отстрелале примерок на овој дивеч тежок 170 килограми.

Вчера е застрелана и волчица тешка шеесетина килограми во месноста Корија. Тоа е петти волк за седум дена. Од прилепското ловечко друштво се задоволни што волкот повеќе не е заштитен со закон.

Јане Стевананџија, ловџија од „Мукос“, рече дека очекуваат државата да им даде награда од по 55 евра за отстрелан волк.

Тој најавува дека на 1 февруари ќе почне традиционалната хајка на штетен дивеч, пред се' на волкот. 

„Волци има повеќе од доволно. Прават огромни штети. Мора да се намали можноста да слезат во ниските делови во потрага по храна поради снегот, каде што први на удар се стадата“. (МИА)


Статијата е прочитана 713 пати.

Испрати коментар

Од: Vesna
Датум: 10.01.2009 15:00:42
Alal da im e na lovgjiite, golemo delo storile - krvavo da go odbelezat Badnik!Razbiram da ubies volk vo samoodbrana, no da go baras niz planinite za da si gi zadovolis bolnite strasti, e toa bas ne mi vleguva vo glava...Namesto da im se dostavi hrana na premrznatite i gladni zivotni, tie se lovat nemilosrdno vo hajki, a uste postojat i nagradi za takvite zlodela - ova bi trebalo da bide vic na nedelata!!No sigurno ke dojde den, koga skoro site sorti na divec vo Mkd ke bidat istrebeni, pa potoa ke gi prasam sto ke pravat ambicioznite lovdjii od dosada.Mozebi ke im se rodi ideja da pukaat eden vo drug, ha, ha , ha....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Болниците ќе добиваат повеќе пари за сунет отколку за лекување висок притисок
Малиот Бошко вратен во дом
Последна шанса за биолошките родители да го вратат чедото
ПАП-скрининг само во Гостивар и во Прилеп
На закуп 141 хектар државно земјиште
Охридски плажи понудени на закуп
Казни и опомени за неисчистен снег
Во првите сто дена, МВР напиша 20.000 казни за Законот за чистота