Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
3444

Пратеници си ги вработувале сопружниците

Што е пресудно за добивање работно место во државната администрација? Според потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули, најдобра пропусница за вработување во јавната администрација е роднинска врска со пратеници од власта или со обезбедувањето на директорот на УБК, Сашо Мијалков. „По таа линија во Министерството за култура е вработена сопругата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Ѓуровски, а сестрата на Ален Зекиров добила работно место во Генералниот секретаријат на Владата. Колку пари исправте преку ’ Аналитико’ за да ја вработите сестрата на поранешниот директор на Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер“, го праша Макрадули премиерот Никола Груевски на вчерашната седница за пратенички прашања.

На Груевски не му беа познати случаите што ги посочи Макрадули, но знае за такви примери од времето на владеењето на СДСМ и ги посочи пратениците Радмила Шекеринска и Игор Ивановски, кои според него ја искористиле функцијата за да вработат свои блиски од семејството. На ова Макрадули возврати дека премиерот пласира неточни информации, бидејќи „луѓето таму работат уште пред да се роди Груевски“.

Макрадули го праша премиерот, но не доби одговор за тоа дали знае „дека надвор од законите градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, со помош на министерот Миле Јанакиески дал одобрение за пренамена на една зграда од 400 квадратни метри со четири ката, на 800 квадратни метри и десет спрата, од што е остварен дополнителен профит од 3,6 милиони евра за фирмата-изведувач“.

„Ниту можам ниту сакам да одговорам. Јас не сум градоначалник, туку премиер. Не можам да ги следам чекорите на секој градоначалник, а уште помалку имам намера да одговарам за нивните чекори. Доколку има конкретно што да праша, прашањето треба да го постави преку институтот советнички прашања во општината“, одговори Груевски. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 1539 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.11.2010 12:42:30
Трагедија е во државата кога вработувањето и бизнисот се поткрепени со партиска припадност.Затоа звучи ептен безобразно кога двете партии се препукуваат а сите сме сведоци токму за обратното,и едните и другите кога се на власт го прават истото.Никој не води грижа за неопределените,дури и служат за подсмев оти секогаш ги советува околината да се партиски активираат.
Од: Иво
Датум: 26.11.2010 13:26:10
Макрадули прашува за сегашни вработувања на роднини на пратеници, владини функционери која владата сега ги вработува. Тоа што Груевски го кажа за Шекеринска и Ивановски е смешно и трагикомично. Како Шекеринска и Ивановски ги вработиле своите мајки во Министерство кога не биле родени или биле во стомак или сеуште непроодени? Па тие мајки имаат по 35 години стаж. Коментарот на Груевски е детски, нема никаква логика, замајува јавност, впрочем тоа кажува каков премиер имаме - матач, дете кое на овие години треба да се воспита да не лаже, да не краде и да не си игра со судбината на Македонија.
Од: јас
Датум: 26.11.2010 14:58:48
Среќко , дали тоа ти си ја ишкаш мувата од капата?!Па кој друг , ако не партиско вработен би пишувал коментари спротивни на логиката и здравиот разум?!
Од: ne e bitno
Датум: 26.11.2010 16:32:31
Iste ste site! I ednite i drugite. Vcera vecer toa najdobro se gledase! Mizerija. Mizerija. Ne ja obvinuvam A1 voopsto, no nacinot na koj reagiraa site, mi licese na malograganstvo. Vladata ne ja komentiram-polude.
Од: Зоко
Датум: 27.11.2010 09:09:33
Имам 52 години и сум невработен. Барам пратеник или пратеничка со сериозни намери за брак.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Мирче Јовановски
МЕРИДИЈАНИ
Мартин Фелдштајн
Мислења
Ана Павловска-Данева
Цеца во Скопје
По мерак на кафеанските сладокусци

„Таксират“
Mузичко загревање

Џана Нанини
Италијанската рок-ѕвезда роди девојче

 


Serbia is key to future Balkan EU bids, say diplomats
Draft bill on seizing assets angers Bulgarians
Police raid on Macedonian TV station causes outcry