Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Цеца во Скопје

По мерак на кафеанските сладокусци

Српската турбофолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ пееше три часа пред своите обожаватели во полната сала „Борис Трајковски“

Катерина Шекеровска

Десетина илјади фанови на српската турбофолк ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ во петокот вечер ја окупираа спортската сала „Борис Трајковски“, каде што се одржуваше првиот од двата најавени концерта на една од најпопуларните балкански пејачки.

Ѕвездата на Цеца силно сјае во земјава. Македонската публика не само што покажа дека и' е верна, туку на самото место демонстрираше оти нејзините постари хитови не само што се се' уште популарни, туку имаат и нова армија обожаватели, па наизуст ги знае и помладата, тинејџерска публика. Меѓу присутните на концертот имаше комбинирана публика дојдена од сите краишта на земјава, кои за задоволството да ја видат Цеца во живо одвоија ни помалку ни повеќе туку по 1.000 денари за влезница за седење и нешто помалку, 800 денари, за стоење.

Поскапо платените влезници и не и' се исплатуваа многу, зашто кога е Цеца во прашање ретко кој може да остане на своето седиште. Во тој стил и расположените Македонци уште со првата песна грмнаа да пеат „Лепи громе мој“. Озарени лица, овации и пеење на глас ја дочекаа српската ѕвезда, која го почна концертот во најавениот термин, неколку минути по 21 часот, по што следуваше и директно вклучување во програмата на ТВ Пинк и една домашна телевизија и поздрав за сите во Македонија и во Србија. Појавувајќи се во долг црн фустан на прерамки во кој до израз доаѓаше уште еден нејзин атрибут - силиконските гради, Цеца ја отвори вечерта во која се редеа добро познати песни како „Пази с ким спаваш“, „Горе од љубави“, „Манта, манта“, „Брука“, „Драгане мој“... Публиката, која од старт ја следеше во секој стих од песните, а на моменти пееше и место неа, се откачи на „Кукавица“, „Пиле“, „Доказ“, „Београд“...

Во вториот дел, по паузата со трубачите на Дејан Петровиќ, кои ја креваа атмосферата за време на преслекувањето на Цеца и свиреа и стари македонски песни, таа се врати на сцената во ново руво - црвен, до земја „сирена“ со мониста фустан во кој едвај се движеше. Нејзин подарок за распеаната публика беше „Зајди, зајди“, а таа, пак, и' возврати со развејување на огромно македонско знаме (вообичаено на поголемите спортски натпревари), но свртено наопаку! Токму така- македонските фанови во занес и опиеност од својата миленичка го отворија знамето од погрешна страна, па наместо знаме видовме огромна црвена површина што може да се протолкува и како изјава на љубов...

Се редеа песни, се пееја рефрени, се мешаше, кршеше, играше и што уште не... Права кафеанска атмосфера за мерак на сладокусците на Цеца, кои ја направија единствена пејачка што два пати едноподруго успеа да ја наполни спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Цеца и натаму ги прави концертите на стар начин - со скудна сценографија, кореографија, анимација и се' што е потребно за од концерт да се направи спектакл, што е практика на големите светски ѕвезди. Но, и покрај тоа публиката уште еднаш покажа дека и' е верна и задоволна и со едноставно пеење пред микрофон, па два пати ја враќаше на бис.

Концертот заврши малку пред полноќ - исто како што почна, со „Лепи громе мој“ и изведба на суво на дел од стиховите на „Исусе“, што имаа и порака во себе. „Исусе, дај ми лавовско срце да ги преживеам деновите што доаѓаат, лесно ќе минат похрабрите од мене, но мојата душа не знам како...“ и' се обрати Цеца на својата публика во завршницата на тричасовниот настап во преполната сала „Борис Трајковски“.

Во саботата вечер таа го одржа и вториот концерт во Скопје. И двата беа во организација на ТА „Гуливер милс“.


#
Статијата е прочитана 3037 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 29.11.2010 15:21:52
sto narod ke bevme bre.zelni za sund,kic,so eden zbor zelni za srpskiot turbo folk.Greota i zalosno za onoj mlad svet koj otide da go slusa on cudo.
Од: nekoj
Датум: 29.11.2010 20:23:03
greota za tebe be bratce, so sakas da slusame tehno, trans sekoja muzika si ima svoi slusateli, ako ne ti se dopaga ne ja slusaj, i ne mi popuvaj
Од: M
Датум: 29.11.2010 22:52:01
Катастрофа...
Од: vanco 13
Датум: 29.11.2010 23:29:07
sto vi e be ,se vi fali ,se vi e kic,ako moze nekoj podobro neka napravi-zenata bez reklama sobira 40.000 luge bez problem ,a drugi zvezdi moze samo da sanjaat nesto vakvo-priznajte ednas deka ja biva
Од: PECE
Датум: 30.11.2010 00:36:48
Samoto ime*SVETLANA*mora da ima nekakva BOZENSTVENA SILA SVETLANO ti si za mene SONCE ZVEZDA I MESECINA koja sijas nad SRBIJA I MAKEDONIJA.Site dojdovme da ne razveselis barem za MOMENT i ti toa go ispolni a ako na nekoi ne im se dopagas tie mozea za vikendot da odat do sofija ili kosovo ili do albanuja kaj nivnite najbliski a ti sto dojde u skopje site nie za toa sme ti blagodarni.
Од: iskrena
Датум: 30.11.2010 08:48:06
morav da ostavam nekoj komentar bidejki gi citam drugite komentari i se cudam abe sto vi smeta zenata neka pee ako moze nekoj podobro od nea neka poveli site ,,TIE,, sto pisuvaat vaka taka kic i trista gluposti site i bea na koncert aloooo sekoj si ima svoj vkus na muzikaa ako ,, NA NEKOGO,, mu smeta neka ne ja slusa
Од: Mile
Датум: 30.11.2010 09:18:49
И Бранко, и Љубчо, и Никоуче собираат толку народ..... тоа ти кажува дека се работи за овци, а не за народ...
Од: nekoj
Датум: 30.11.2010 09:24:38
Za grev narod sme bez svoe jas i tie pari sto gi imame se davaat nadvor od drzavava, samo za zal nekoi grupi vo zemjava ne razmisluvaat taka
Од: редовен од западот
Датум: 30.11.2010 11:46:04
Значи комплетна мизерија. Примитивизам, а не кич. Не постои кич во држави каде секоја втора фамилија е социјален случај. Кичеви има само во богатите држави. Не се бунете во иднина. 40 000 посетители....Турбо-фолк, тоа не е музика, тоа се измешани електронски неартикулирани звуци со арапски ритам. Тотален невкусен микс. Се пее (се завива) во стил на оџа. Сараево (од каде потекнува овој шунд) го измислија Турците, за да го уништат Белград. И успееја не само Белград, туку и Скопје. Кажи ми каква музика слушаш, ќе ти кажам колку си интелегентен.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опасно е лесното посегнување по Уставот
Рамковски му врати на Груевски
Mузичко загревање
Рамковски како Груевски
Европскиот парламент ќе бара преговори за Македонија
Се клацкаат во воз, немаат пари за автобус
Џана Нанини
Иднината на доларот
Второ и трето место за македонските кандидати за „Балканика“
Пожар го пеплоса „Везе шари“
Реал испадна смешен покрај Барселона
Бидете реални, побарајте го невозможното!
Италијански режисер се самоуби на 95 години
Стил
Школа за обновливи енергии во Скопје
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Невреме во Тетово уби студентка
Почина актерот Лесли Нилсен
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
 


Macedonia's secret surveillance society
Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year