Американската економска политика има цел долар што ќе биде силен дома и конкурентен во странство. Силен долар дома значи долар што ја задржал својата куповна моќ. Конкурентен долар во странство значи дека другите земји не треба да имплементираат политики што вештачки ќе ја ослабат вредноста на нивните валути за да го поддржат извозот и да го запрат увозот. Целта - силен долар дома ја предводеше Банката на федерални резерви. Иако САД немаат официјална целна инфлација, финансиските пазари сфаќаат дека Банката на федерални резерви има цел стапка на инфлација близу два отсто. Со децении претставниците на Министерството за финансии инсистираа на тоа дека „силен долар е добар за Америка“.
Министерството за финансии не интервенира во пазарите со валути за да го зајакне доларот, а Банката на федерални резерви не ги зголеми каматните стапки за таа цел. Наместо тоа, САД им нагласија на странските влади дека ефикасен глобален трговски систем бара не само отстранување на трговските бариери, туку и отсуство на политики што имаат цел правење валутни вредности што промовираат големи трговски вишоци. Во последниве неколку години многу земји низ светот акумулираа многу големи количини странски валути, предводени од Кина со повеќе од два билиона долари, но вклучувајќи стотици милијарди долари што ги држат Кореја, Тајван, Сингапур, Индија и земјите-произведувачи на нафта. Американскиот долар е и ќе остане во овие земји главна валута за инвестиции.
Овие огромни резерви девизи повеќе не се држат за да ги амортизираат привремените трговски дебаланси. Додека некои од овие средства и' служат на таа цел и мора да се држат во најликвидна форма, повеќето од овие големи резерви се инвестициски средства за балансирање на ризикот и на добивката. Тоа значи дека, со тек на време, овие влади ќе се обидат да ги збогатат своите портфолија, оддалечувајќи се од доминацијата на инвестициите во долари. Еврото сега е примарна алтернатива на доларот. Додека превирањата во Европа и несигурната иднина на еврото предизвикаа пауза во промената од долари во евра, ребалансот во корист на еврото ќе продолжи во еден момент во иднина. Земјите со големи резерви сега се „претешки“ во долари и нивните напори да се балансираат ризиците ќе предизвикаат вредноста на еврото пак да се зголеми во однос на доларот. Неколку други валути сега имаат минорно учество во овие портфолија и ќе продолжат така и во иднина. Голем ризик за одржливата улога на доларот е големиот и растечки американски национален долг - достигна 62 отсто од БДП.
Странските инвеститори можеби затоа стравуваат дека идните американски администрации ќе бидат доведени во искушение да ја намалат реалната вредност на тој долг со тоа што ќе дозволат повисоки стапки на инфлација. Но, тоа е малку веројатно, со оглед на општиот антиинфлаторен консензус на Банката на федерални резерви и малата просечна зрелост - едвај четири години - на националниот долг. Повисоката стапка на инфлација би предизвикала каматните стапки на новиот долг да се зголемат на начин што ќе спречи ерозија на реалната вредност на вкупниот долг.
Но, странските инвеститори што имаат речиси половина од сегашниот долг на американските власти - и голема е веројатноста дека ќе имаат уште поголем дел во иднина - би можеле уште да имаат причина за загриженост дека САД можеби еден ден ќе се обидат да ја намалат вредноста на својот долг на начин што неповолно ќе влијае врз нив. Ова веднаш не значи неисплаќање на обврските. План да се исплати главнината и каматите со хартии од вредност со ниски каматни стапки место со готовина - или со задржување на данок на доход од каматите заработени од владините обврзници, кредитирањето на тие даноци наспроти обврските на американските даночни обврзници - би го дал истиот резултат. Сегашните политики и оние предложени во неодамнешниот буџет би можело да предизвикаат рапидно зголемување на националниот долг, но тие политики не се неизбежни. Најдобра заштита на доларот - и за здравјето на американската економија - ќе бидат политиките што ќе го редуцираат растот на националниот долг.
(Авторот е професор по економија на „Харвард“, беше претседавач на Советот за економски совети на претседателот Роналд Реган и пишува за „Проект синдикејт“.
„Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)
Kako i da vrtat, lazni pari si se lazni pari.Dolarot se stampa so polna parea,a takvoto funkcioniranje e destruktivno.Takviot spas, ni teoretski ne e vozmozen.America tokmu toa go pravi vo momentov,a prodava nekakvi si teorii koj blage veze nemaat so segasnosta,bidejki veke ne se sami na svetskata scena.Avtorot fino nabrojal nekolku zemji(a veke gi ima i poveke)koj finansiski stanuvaat silni i se faktor na svetskata scena.Im ostanuva samo realnosta da ja svatat,a toa e, drasticno da si go namalat standardot, obezvrednuvanje na dolarot so sto golem del bi se izbrisale dolgovite(tuka se vo prednost poradi toa sto dolarot e svetska valuta),i da se fatat za realna rabota ,a ne spekulacii od wall streat.Americancite ne se glupav narod,go svakaat toa i ke se se sovzemat.Nema da propadnat,ke imaat los period no ke go pominat.Sega uste baraat "ovci"ako mozat da gi isisaat i da pominat polesno, no... gledaat deka veke nema mnogu ovci,pa ke zasukaat rakavi.Im posakuvam sreka.
Од: Перо_МКД
Датум: 29.11.2010 20:43:10
Се согласувам со Јован, САД сеуште бараат овци за стрижење и мислам дека последниот адут го извлекуваат во Северна Кореја...само ми е страв што светот не е ист како пред 10 години, има и други големи играчи со свои есапи, па да не случајно реши некој таков да види погоден момент за сопствена промоција во оваа кошкање во Кореја...не би сакал, не сум сигурен до каде би го однел ова светов, сепак некако ми изгледа посигурен и подобар светот кога САД се бр.1
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 29.11.2010 23:16:42
Dolarot i Amerika.....Toa e "visoka politika". Jas pojma nemam sto e toa. Veruvajte deka 99,99 % isto taka.