Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Европскиот парламент ќе бара преговори за Македонија

На состанокот ќе се зборува и за медиумите и за слободата на изразување

Стразбур/Брисел - Во Брисел денес почнува Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија, од кој се очекува да испрати повик до Европскиот совет да не го одложува и натаму почетокот на преговорите за членство со нашата држава.

Во препораките уште еднаш ќе бидат „охрабрени владите на Македонија и на Грција да ги интензивираат преговорите во рамките на ООН за да најдат решение за разликите околу името“.

Германскиот европратеник, Јорго Шацимаркакис, инаку претседател на делегацијата на Европскиот парламент за Македонија, најави дека на состанокот ќе треба да се зборува и за печатот и слободата на изразување, како и за развојот на ситуацијата во земјата откако во јуни се изгуби надежта дека ќе почнат преговорите за членство.

Вкупно во нацрт-предлогот се предвидени 23 препораки, кои се однесуваат на реформите во судството, администрацијата, полицијата, меѓуетничките односи, европската интеграција.

Во една од нив, во кои се поздравува воведувањето на безвизниот режим, се забележува дека исполнувањето на одредени услови утврдени во патоказот за визната либерализација остануваат витални, во овој поглед се повикуваат македонските власти да ги зајакнат државните институции за да се спречи приливот на лица што бараат азил во земјите на ЕУ.

Бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов најави амандмани што се однесуваат на заштита на бугарските споменици и гробишта на територијата на Република Македонија.

По барање на македонската делегација во Мешовитиот комитет, во предложените препораки има посебен дел и за важноста за развојот на транспортните коридори поврзувањето на земјите од Западен Балкан со Европската унија, како на мултинационалната железничка карго-компанија „Карго10“, во кој се наоѓаат земјите од поранешна Југославија или, пак, отворањето на пазарот за железничкиот сообраќај.

Овие препораки не се дефинитивни, бидејќи тие подлежат на измени при гласањето во вторник. (МИА)


#
Статијата е прочитана 2602 пати.

Испрати коментар

Од: SDSM
Датум: 29.11.2010 12:13:09
Treba da se zachlenime vo NEVRZANITE! Samo taka do reshenie za Imeto
Од: До СДСМ
Датум: 29.11.2010 13:41:51
Како?
Од: todorka
Датум: 29.11.2010 14:30:34
Ovie evro-komitetite koj gi formira? KOj dava predlozi za nivni chlenovi? Ili sami si se mestat vo tie komisii se "prijateli" na Makedonija. Kako toa nikogash vo niv, makar i sluchajno ne vleguvaat pretstavnici od nekoi neutralni zemji, od nekoi severni zemji, koi poobjektivno bi gledale na rabotite. Premnogu prozirno izgledaat "naporive" od EU za da ne integriraat. I Cekaj malku, Pa koj im dava pravo da pregovaraat za Makedonija?
Од: nekoj
Датум: 29.11.2010 15:43:33
Todorke duso, koj ima dava pravo? Nie. Podnesovme aplikacija za priem vo EU. Znaes angliski? ako ne ima i na bugarski. Odi na stranata na EU i ke si najdes odgovor na prasanjata, da ne ti lebdat nad glavata.
Од: jas
Датум: 29.11.2010 16:05:56
Германскиот европратеник, Јорго Шацимаркакис, инаку претседател на делегацијата на Европскиот парламент за Македонија. -komentar ne e potreben. Grk na celo na komisijata sto ke ja ocenuva Makedonija. I posle nasive politicari neka se karat megju sebe koj e kriv sto Mak uste ne e vo EU, Branko ili Nikola. Ne be deca nie ne sme krivi, Grcite se krivi i glejte sto pobrgu da se svestite i zaedno protiv Grkot da se borite ,a ne megju sebe oci da si vadite.
Од: karokan "gambit"
Датум: 29.11.2010 19:03:23
Todorke,duso od koi severni zemji da bidat clenovite vo tie komiteti.Od zemjite sto ne se clenki na EU. Odgovor do "do SDSM" koj prasa :Kako!!!!!!!!!!! Enostavno,togas ne ni e potrebna promenata na imeto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Trpce
Датум: 30.11.2010 10:35:00
sega 70% od Skopje 2014 ke bide opfateno od memorandumot za zashtita na bugarski spomenici vo RM... duri i Misirkov na Velija a da ne zboruvam za duzina spomenici vo Ohrid...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опасно е лесното посегнување по Уставот
Рамковски му врати на Груевски
Mузичко загревање
Рамковски како Груевски
Се клацкаат во воз, немаат пари за автобус
Џана Нанини
Иднината на доларот
Второ и трето место за македонските кандидати за „Балканика“
Пожар го пеплоса „Везе шари“
Реал испадна смешен покрај Барселона
Бидете реални, побарајте го невозможното!
Италијански режисер се самоуби на 95 години
По мерак на кафеанските сладокусци
Стил
Школа за обновливи енергии во Скопје
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Невреме во Тетово уби студентка
Почина актерот Лесли Нилсен
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
 


Macedonia's secret surveillance society
Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year