Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мислења

Бидете реални, побарајте го невозможното!

Ана Павловска-Данева

Ако тоа изгледаше невозможно пред само две години, сега веќе предвременото заминување на актуелната гарнитура претставува и реалност и нужност

Еден од централните поими во филозофијата на Жан Пол Сартр е поимот на слободата. Кај него слободата е нешто апсолутно, нешто што на човекот му е дадено: „човекот е осуден да биде слободен“, вели францускиот егзистенцијалист. Тој ја разбира слободата не како слобода на духот што води кон не дејствување, туку како слобода на изборот. Слобода на изборот! Потребата од ваква слобода, односно поривот за нејзино зачувување и непречено користење почнува да станува основната движечка (и сплотувачка!) сила во однесувањето на македонските граѓани во последниов период.

Сартр зборува за „ситуацијата“ во театарот како момент кога се крши пасивноста на гледачот кон претставата. Токму тоа се случува моментно на македонската политичка сцена. Власта ја игра својата претстава предолго, а граѓаните после прерано доживеаната катарза се претворија во пасивни набљудувачи, чија улога на неправење ништо и незаинтересираност за ништо надвор од сопствениот двор, предолго трае. И, конечно, настапува момент кога власта на политичката сцена ја покажува својата кулминација, ја испраќа и последната порака, се разоткрива на сцената до крај. Тоа ја крши пасивноста на граѓаните, тие се активираат: или стануваат и аплаудираат, или си заминуваат демонстративно напуштајќи го театарот. Но, веќе не се пасивни!

Токму тоа се случуваше деновиве пред зградата на А1 телевизија, на плоштадот „Пела“, на плоштадите низ сите поголеми градови во Македонија, тоа ќе се случи и в сабота на општонародниот марш во Скопје. Граѓаните ја чувствуваат загрозена својата слобода на избор и кај секој се раѓа нагон, желба за враќање на таа (мошне битна) слобода на избор, а таму каде што е сосема одземена за нејзино освојување.

Демонстрација на сила и на моќ. Поставување прекубројно полициско обезбедување. Ограничување на слободата на движење и на новинарите, и на граѓаните. Игнорантски однос кон нив. Молк и нетранспарентност на институциите. Забрани на службените лица да комуницираат со кој било и да кажат свој став или видување. Блокади поставени на улица... Сето ова зборува за бројни незаконитости и пречекорувања на овластувањата, како и користење на прешироки дискрециони права. Уште позначајно е што таквите постапки кај секого создаваат чувство на ограничување на сопствената слобода на избор: да излезам од работа, да влезам во студио, да протестирам, да дојдам до оние што протестираат, да се движам онаму каде што сакам, да добијам објаснување што се случува, да изберам страна, да заземам став, да кажам мислење...

Сето ова води кон будење, расонување и одбивање да се биде пасивен, да се биде алатка во туѓи раце, да се биде игнориран. Созрева свест дека власта не му треба на народот, тој и' е потребен на власта. Истовремено созрева и свеста дека слободата на духот не е доволна, дека не е доволно само слободно да се мисли и да се критикува, потребно е конкретно сторување, конкретно чинење, конкретна акција и дејствување. Господа министри, сами го предизвикавте ваквото чувство кај народот. Ниту една опозиција не би можела секојдневно да организира масовни митинзи, протести, штрајкови без престан, сенародни маршеви и да предизвика толкав револт на граѓаните кон власта, како што тоа може да го направи самата власт со своето лошо и недемократско владеење.

Секој нов потег на Владата, за жал, раѓа се' поголем револт, а тој провоцира исти такви постапки кај народот. Ќе морам во оваа пригода да потсетам на некои од идеите што го сменија системот на општествени вредности во Европа во ’68 година, а кои дури сега наоѓаат свое место во македонското општество: „Човекот е насилен кога е угнетен, а нежен е кога е слободен!“ „Сакаме структури што им служат на граѓаните, а не граѓани што им служат на структурите!“ „Бидете реални, барајте го невозможното!“

Токму затоа, секојдневно се намалува невозможноста оваа власт да си замине предвреме. Напротив. Ако тоа изгледаше невозможно пред само две години, сега веќе предвременото заминување на актуелната гарнитура претставува и реалност и нужност. Анкетите, рејтинзите, рекламите, спотовите, буџетите, па и законите може да се реални или не. Народот е секогаш реален, тој постои, тука е, повторно доживува катарза од политичката претстава на својата влада, па невозможното, едноставно и лесно ќе го претвори во возможно. Работите повеќе не зависат од власта, од нас зависат!

(Авторката е професорка на Правен факултет)


#
Статијата е прочитана 1953 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec
Датум: 29.11.2010 12:09:10
Bravo Profesorke! Sekogas ste odlicen kricitar na tekovnite sostojbi vo RM. Vreme e ovaa vlast da zamine, vreme e ovaa tiranija nad nasiot narod da go dozivee svojot kraj! Veke ne e ni relevantno koj ke ja formira narednata Vlada, samo da ne se ovie nepismeni deca! Golem pozdrav i ne prestanuvajte da pisuvate!!!
Од: nekoj
Датум: 29.11.2010 12:24:55
"...на некои од идеите што го сменија системот на општествени вредности во Европа во ’68 година...". Tokmu taka Mk e edno 50na godini zad Evropa. Kako i da e, ova sto se sluci e samo eden del od toj civilizaciski proces koj mora da se pomine. Politickite partii kaj nas se tokmu gledani kako strukturi vo sluzba na mojot g.z, za da na kraj se dade g..t. Zal mi za site sto bea del od ovie politiki, pozicija i opozicija, koga tie se samo eden mal del od ovoj proces, koj na kraj ke donese posakuvanoto: sluzbite ke bidat od graganite, Mk ke vleze vo EU, ke zavladee pravoto, a site sto toa go poprecuvale ke gi gledame od drug agol. Samo sto ke pominat uste edno minimum 10 godini, za nekogo godini na starosta, za nekogo mladosta, a za najmalite-za vas barem da bide ubavo!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.11.2010 12:40:41
Како докажан правник и верувам легалист зачудува што во име на почитување на законите нема ништо за изречените закани за уличарско рушење на легална влада.Барем почитуваната професорка знае како се менува власта.Што е трагикомично во целата ситуација да ваквото нешто го подржуваат нејзини колеги и сопартијци.Може да се заклучи да тешко се постигнува релевантноста во критизерството поткрепено со насилие.
Од: Ѓоко
Датум: 29.11.2010 13:02:41
Почитувана, вашиот проблем е тоа што мислите дека оваа Влада треба да падне. Пред година и пол имаше избори на кој Владат го потврди легитимитетот за своите политики, добри или лоши. Со вашиот арогантен однос мислите дека оваа држава ви е оставена во наследство и дека само вие умеете да ја водите. Во демократијата владее мнозинството и во тоа е убавината.
Од: jovan
Датум: 29.11.2010 13:31:53
Odlicno Profesorke, no vo sledniot broj koga ke objavite tekst neka bide na tema KOJ DA DOJDE. Toa e veke povazno. Deka detskava gradinka treba da ja ispratime, znaeme site, ama koj da dojde? Predlozete eve vie, pa ke diskutirame i komentirame i togas.
Од: Olivera
Датум: 29.11.2010 13:54:33
А кој ви го дал вам правото да барате оваа власт да си оди? Само затоа што не е ���ваша“ и по ваш кеиф, сега треба сите ние (мнозинството) што легално ја избравме, да ве послушаме и да кренеме раце од се. Само и само да ги задоволиме вашите болни суети, за повторно да се доберете до власгта и да не масирате сите нас, кои мислиме поинаку од вас и кои сме мнозинство конечно! Е “мало морген“ - што би рекол еден бивш политичар, кој сигурно многу добро го познавате!
Од: Исправка
Датум: 29.11.2010 14:07:13
Ѓоко,избори имаше пред 2,5 години!
Од: Насрадин оџа
Датум: 29.11.2010 16:05:48
Сметам дека поправилно е авторката да се потпишува на крајот на текстот со „член на Централниот одбор на СДСМ“, наместо „професорка на Правен факултет“ затоа што изразува партиски ставови. Исто така и сегашното потпишување со професорка на Правен факултет е нејасно затоа што треба да се прецизира на кој правен факултет. Не дека не знаеме, ама ете не знаат сите.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 29.11.2010 16:07:41
Обичен правник, а не никој/а/ со универзитетско звање од правникте науки, не би требало да му се сони, насилно уривање на легалната / на демократски избори/ избрана власт да се сруши по насилен пат, со тн. улична демократија со "...некои од идеите што го сменија системот на општествените вредности во Европа во 68 година..." Дали силниците се угнетени, или се бездушни , верувам, институциите на системот /а не улицата/, аздисаните и без чуството за, она народното, "ако беше за аир, доста нека е", заедно со нивните помагачи , колку биле нежни, a кога би биле слободни, ке бидат преставени во вистинското светло.. Инаку во споменатите шеесети години од минатиот век, покрај позитивните работи, имаше црвени, а не архи-бригади.
Од: lavce
Датум: 29.11.2010 16:31:58
Deka na site onie sto se na vlast nema da ni bidat omileni toa e jasno. Ednoumie nikoj pat ne e dobro za niedna zemja. Samo me zacuduva toa sto ovie sto ja podrzuvaat vlasta gledaat nasilstvo vo se sto opozicijata se sprema da napravi(Felix). Protestite se del od sekoe civilizirano opstestvo pa taka ke se slucuvaat i kaj nas. Niedna vlast nema da bide vecna ako ne raboti za prosperitet na Republikava. Tekstot mozebi e i oboen partiski ama e i dosta realen. Me zagrizuva faktot deka se povekje stanuvame zemja vo koja pocnuva da caruva omrazata sprema sekoj sto ne misli kako mojata partija na vlast.
Од: kaktus
Датум: 29.11.2010 17:26:50
Слободата како право на избор. Хммм... Народот веќе ја имаше и два пати ви ја даде власта вам, на ССДМ. И згреши. Баронот се извинуваше по првиот пораз. Власта ви ја замаглила свеста.и ви се убутала у глава. Што доби народот- Криминална приватизација (еден пример: на сите кои вложија пари во тогаш ПТТ за телефон по 1000 марки им ги национализиравте, ја продадовте во безцена електрдистрибуција и да не неабројуваме понатаму) му донесовте девалвација, направивте даночна дискриминација, ја потикнавте корупцијата во судството до апсурд, непотизнот во вработувањата партиски-прашајте ја Шекеринска.Да не ги спомнуваме кочоперењата на Бучковски и министри-криминалци! Ане, Злато, кого сакаш да убедиш дека пак треба вие, по слободен избор да бидете избрани? Сети се на песната-Ќути жити се, иста марка сте...но ќе дојде време и да се потите.Твоето убедување на народот да ве врати на власт не е ништо друго освен негово моронизирање, а како што прочитав погоре има доста подложни на тоа.
Од: karokan "gambit"
Датум: 29.11.2010 18:56:43
G-dine Felix,ajde ti se molam posoci i doobjasni go tie " zakani za ulicarsko rusenje n legalna vlast"???. Pokraj tod pojasni kako se menuva vlast,koga vece se somnevas vo poznavanjeto na profesorkata?????? Se fati za edna floskula i sega ,ne samo sto site mora da ja opservirame,tuku da go imame istoto viduvanje kako sto go imas samiot. Zosto da receme,jas da nemam sprotivno viduvanje na izjavata za koja se drzis kako........................... I toa se drzis iskriveno!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ako imavme nedemokratski predvremeni izbori, ako imavme ponedemokratski (citaj ubavo) ponedemokratski lokalni izbori (samo so posofisticirani nedemokratski metodi),zosto da veruvam deka slednite izbori ce bidat nesto poarni, posebno imajki go vo predvid se poizrazeniot antagonizam pomegju ZA i Protiv (do nivo na unistuvanje)!!!!!!! Antagonizam vo koj zemas sopstveno ucestvo i koj kuntinuirano go pothranuvas!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: spire
Датум: 29.11.2010 20:03:28
Ne profesorke.... gresite..... ocigledno e deka ovaa Vlada nema kapacitet da vodi drzava......ama ovaa Vlada moze da vladee samo nad narod koj e obicna AMORFNA SUPSTANCA..... nisto drugo......mislam deka ovie nedokvakani kaj asal narod ne mozat da opstojat povekje od 1 godina.......
Од: Do Olivera
Датум: 29.11.2010 22:22:27
NIE i go davame pravoto na profesorkata da bara da si odi ovaa vlast! NIE sme mnozinstvo, mnozinstvo na nezadovolni, siromasni i mnogu nesrekni lugje a takvi ne napravija aktuelnite vlastodrsci. Kolku mnogu ne ima mnogu brzo ke se uverite i ako navistina i sakate dobro na ovaa nasa zaednicka zemja, ke se raduvate zaedno so nas koga aktuelnata vladeacka garnitra ke zamine... I na malite deca im e jasno deka nemaat kapacitet za nisto osven za grabanje i kradenje. Neophodna e sansa za mladi umni lugje kako Gordan Georgiev, Zoran Jovanovski, Ana Pavlovska Daneva, Dane Taleski i mnogu drugi koi vo SDSM se obedineti. "Malo morgen"?!? Kolku retro toa zvuci...mora da e posledica na frustracija od nekoe minato...no sepak svrseno vreme!
Од: Orvel
Датум: 29.11.2010 23:09:54
Zan Pol Sartr veli deka "chovekot e osuden da bide sloboden", na ova jas velam deka chovekot vo makedonija e osuden da bide rob.Ednostavno ne postoi nikakov izbor.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 29.11.2010 23:24:28
Токму така Јоване. Децава треба да си заминат. Нема резултат, или минорни се нивните благодети за државата. Но најголемо прашање е кој да дојде.....Уште поголем проблем е тоа што добар дел од населението мисли дека власта која беше уште понеуспешна од сегашнава треба да се врати. -- Давеникот се фаќа за змија.
Од: sv diitrija
Датум: 30.11.2010 03:04:37
A kakvasloboda barash mori Anche .Da mu e dozvoli na kriminalcite shto sakat da pravat ? Taa e vikate sloboda ,dosega sekoj kriminalec koj vladata saka da go stavi v zatvor vie od SDSM ste protiv i demonstracii pravite ,znachi kriminalot za vas e sloboda .Zalosno.
Од: pajo
Датум: 30.11.2010 04:01:41
Ovie od partijata na DruStvo na Profiteri,Manipulanti i Nedovetni Edinki, vo apsolutna smisla um nemaat.Tie se obicni lajaci i megafoni,rasipani gramofonski ploci.Edino sto znaat e samo tralala,tralala do beskraj.razberete duduci,demokratijata i slobodata se najsvetite raboti za edno opstestvo.Razlicnoto mislenje e potik za napredok.No,sto znaete vie.
Од: Емилија
Датум: 30.11.2010 08:36:47
реторика што восхитува, врвна образованост на мислата,свежина во зачмаените ставови, аналитичност и неспорен интелект, но за жал политички ПАЦЕР.Ве гледав онаа вечер кога го споменавте па и го повторите името на Пахор.Пренаивно професорке.Жалам за оваа кибритче политичка кариера.Се појавивте , блеснавте и изгоревте пред очите на милионски аудиторим.Се после таа изјава-од Вас, нема тежина.
Од: citatel
Датум: 30.11.2010 08:38:15
Celata prikazna za kriminalot i borbata protiv nego zavrsuva so rabotata na finansovata policija. Drugata postrasna prikazna e koga policijata pred ocite na seta javnost veli deka nikoj ne smee da izleze ni da vleze. Za toj del od storijata treba da polemizirate, ja promasuvate temata dragi komentatori.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опасно е лесното посегнување по Уставот
Рамковски му врати на Груевски
Mузичко загревање
Рамковски како Груевски
Европскиот парламент ќе бара преговори за Македонија
Се клацкаат во воз, немаат пари за автобус
Џана Нанини
Иднината на доларот
Второ и трето место за македонските кандидати за „Балканика“
Пожар го пеплоса „Везе шари“
Реал испадна смешен покрај Барселона
Италијански режисер се самоуби на 95 години
По мерак на кафеанските сладокусци
Стил
Школа за обновливи енергии во Скопје
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Невреме во Тетово уби студентка
Почина актерот Лесли Нилсен
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
 


Macedonia's secret surveillance society
Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year