Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Пожар го пеплоса „Везе шари“

Во силниот оган што ја зафати познатата компанија во Требош изгореа 120.000 кокошки, дел од опремата и објектите

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Во силен пожар, кој зафати неколку објекти на познатата компанија „Везе шари“ во тетовското село Требош, изгореа 120.000 кокошки-несилки, 60.000 јајца подготвени за пазар и дел од опремата и објектите. Пожарот најнапред ја зафатил главната хала на фармата, а потоа се пренел и на магацинот за готови производи, пред се', јајца. Освен огромната материјална штета, последици има и ка�� луѓето. Од Службата за брза помош во Тетово информираат дека во големиот пожар еден вработен се здобил со повреди и е задржан на болничко лекување, а неколкумина се затруени од чадот. Поради опасност од повторно избувнување на оган, противпожарните екипи се' уште се на терен, со цел да ги изгаснат жариштата што тлеат.

Огнената стихија се појави во саботата, околу 8,30 часот. Во локализирањето учествуваа 50-ина пожарникари со возила од Тетово, Гостивар и од Скопје. Им помогнаа шеесетина вработени во компанијата, како и месното население од Требош. Пожарот беше локализиран околу 16 часот. Увид на самото место извршија надлежните екипи. Тие се' уште немаат податоци за причините за пожарот.

Арбен Абдурамани, еден од браќата-сопственици на компанијата, потресен од случката вели дека претрпеле огромна штета од огнената стихија. „Пожарот ни однесе се' што создаваме десеттина години. Не знам што се случи. Штетата изнесува милиони евра. Не знам што може да биде причина за оваа тешка катастрофа“, вели Абдурамани.

Живинарската фарма „Везе шари“ беше позната во областа на производството на јајца и преработка на месо и месни производи, не само во Тетовско, туку и во државата. Станува збор за фирма што работи по светски стандарди, а ХАСАП-системот на целосното производство е воведен уште од самиот старт. „Везе шари“ почна како фарма за кокошки, која достигна капацитет од 120.000 несилки и се изградија погони за производство на пилиња. Преку фирмата „Лакер“ што, исто така, е во состав на „Везе шари“, се произведуваа месни производи од кокошкино и од говедско месо, а фирмата произведува и добиточна храна.

Фатмир Изаири, градоначалник на Општината Желино, кој беше присутен на местото на големиот пожар, оцени дека загубата е огромна за целиот регион. „Се надевам дека сопствениците ќе најдат начин и со солидарна помош ќе успеат да ги санираат штетите. ’Везе шари’ ќе продолжи со работа и пак ќе претставува наша гордост“, оптимист е градоначалникот Изаири.

Пепел, извиткани кафези со изгорени кокошки, исчадени ѕидови беше и вчерашната слика во „Везе шари“ во Требош. На лицата на работниците, кои ги најдовме, разочараност и неспокојство, но и скриена надеж дека од пепелот повторно ќе се возобнови оној истиот „Везе шари“ што беше вистинска гордост за Полошкиот регион.


#
Статијата е прочитана 1955 пати.

Испрати коментар

Од: dalton
Датум: 29.11.2010 15:30:36
HASAP- ot standard se pretvoril vo KASAP- ocito deka dobro go "primenuvale "!!!!!
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 29.11.2010 19:17:32
Pocituvan Gojko Napisi utre sabajle dali firmata bila osigurana, kade i na koja vrednost,se nadevam deka kokoskite ne otisle kurban.
Од: KOLE
Датум: 30.11.2010 00:11:07
Нека ми простат ако грешам... ..но, за мој вкус (се надевам и за вкусот на МВР), некако пречесто горат врвни погони во Македонија. Никас, па погон во Куманово, па сега Везе шари. Кокошките ли предизвикале пожар? Кој ги изброја кокошките што изгореле? Им земавте отисок од клуновите? Кој ги изброја јајцата? Така пишувало во книгите? Да не изгореа и книгите? Кој ќе има најголем ќар од пепелта? сигурно не вработените, или државата. Повторно... Простете ако грешам!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Опасно е лесното посегнување по Уставот
Рамковски м�� врати на Груевски
Mузичко загревање
Рамковски како Груевски
Европскиот парламент ќе бара преговори за Македонија
Се клацкаат во воз, немаат пари за автобус
Џана Нанини
Иднината на доларот
Второ и трето место за македонските кандидати за „Балканика“
Реал испадна смешен покрај Барселона
Бидете реални, побарајте го невозможното!
Италијански режисер се самоуби на 95 години
По мерак на кафеанските сладокусци
Стил
Школа за обновливи енергии во Скопје
Струмица ќе изгради водовод во Банско
Невреме во Тетово уби студентка
Почина актерот Лесли Нилсен
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
 


Macedonia's secret surveillance society
Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year