Го убила бебето и со трупот заминала во шопинг
Жена во САД е уапсена поради сомневање дека го убила својот син и потоа со трупот заминала во шопинг. Според „Чикаго сан тајмс“, 20-годишна жена од Чикаго пред неколку дена во пијана состојба го истепала своето бебе, кое имало само три месеци, и потоа го задушила, бидејќи не сакало да престане да плаче. Бебето било мртво од 8 до 14 часа, кога таа следното утро со трупот заминала во шопинг, а потоа дури и посетила пријател. Откако пријателот забележал крв на ќебето со кое било покриено бебето, повикал полиција, која го открила злосторството. (МИА) |