Железна врата падна врз девојче
Тригодишно девојче од скопското село Орланци се здобило со тешки повреди, односно скршеница на левата потколеница и контузија на главата откако врз неа паднала железна врата. Според полицијата, инцидентот се случил во средата, околу 18 часот, кога девојчето, заедно со 32-годишната мајка минувало покрај оградата од ОУ „Скендер-бег“.
„Железната влезна врата, од засега непознати причини, се откачила и паднала, удирајќи го девојчето во главата и во левата нога“, соопшти полицијата. Девојчето било пренесено во Градската болница и е задржано на лекување. (Г.А.) |