Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Летно модно доживување со „Академија Италијана“

По фирентинскиот настап на студентите на „Академија Италијана - Скопје“, во средата вечерта (9 јули) во рамките на „Скопско лето 2008“, пред многубројна публика во Музејот на современата уметност одржаа голема модна ревија, на која беа прикажани околу 60 модели.

Генералната тема на годинешнава студентска презентација на сите центри на „Академија Италијана“ беше „Помалку е повеќе, или помалку е здодевно?” Студентите на одделот за моден дизајн темата ја толкуваа на индивидуален начин, но движејќи се во неколку стилистички рамки. Една од појдовните точки е Македонија со својата култура и наследство, но ставена во поширок европски и светски контекст. Дел од студентите си играа со мешањето на стилистички елементи од Европа и Азија, правејќи истражувања што нивниот израз го однесе во насоките на максимализмот или минимализмот. Моделите презентирани во Фиренца се дел од проектот за висока мода, па голем дел од креациите имаат рачно изработени детали со вез, плетење, сликање на платно, експерименти со метални структури итн.

Моделите ги претставија дваесетина манекени и манекенки од модното студио „Црнокрак“, а кореографијата ја подготви Сања Шутевска. Ревијата ја отвори г. Винченцо Џуба, директор на Академијата во Фиренца.


Статијата е прочитана 274 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
На „Сунчане скале“ триумфираше ќерката на директорот
Излезна порта кон светот
Прекарот Кубура го имам од основно училиште
Што ќе се гледа ова лето на нашите телевизии
Масовен убиец