Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

На „Сунчане скале“ триумфираше ќерката на директорот

Последната главна вечер на црногорскиот интернационален музички фестивал „Сунчане скале“, „Песна на летото“, заврши со скандалозна одлука за победа на Александра Бучевац, ќерка на првиот човек на фестивалот што од 7 до 9 јули се одржа на Канли кулата во Херцег Нови.

Ќерката на директорот ја доби и главната премија - автомобил „киа“ и 10.000 евра парична награда, со што по вторпат успеа да триумфира на фестивалот откако пред три години ја освои првата награда во вечерта на нови ѕвезди.

Александра Бучевац настапи на Канли кула со песната „Остани“, за која како коавтор на стиховите се јавува и македонскиот текстописец Огнен Неделковски. Второто место и' припадна на Маја Оџаклиевска, која пееше во дует со Славен Кнежовиќ, а на третата позиција се пласираа „Бјути квинс“.

Единствениот македонски претставник во главната вечер на „Сунчане скале“ Марјан Стојановски, кој ја испеа песната „Касно је“, на авторите Григор Копров, Огнен Неделковски и Владимир Дојчиновски, мораше да се задоволи само со седмата позиција. Патем, во жирито кое ги оценуваше пејачите беа и двајца македонски претставници - Ѓоко Горчев, кој му даде максимум поени на Стојановски и Даниел Милошевски од „Авалон“, кој на својот сонародник му додели единствено три поени, што многумина го прокоментираа како реваншизам спрема Григор Копров, кој пред три години и' даде два поена на нивната пуленка Каролина Гочева и темата „Ружо, Ружице“.

Трето место за Игор Митровиќ во

вечерта на нови ѕвезди



Младиот македонски пејач Игор Митровиќ го освои третото место (бронзена статуета) во втората вечер на интернационалниот музички фестивал „Сунчане скале“. Митровиќ настапи во вечерта посветена на младите муз��чки таленти т.н. „Нови ѕвезди“, а успеа да се пласира во топ-три благодарение на интерпретацијата на песната „У магли љубави“ на авторите Владимир Дојчиновски и Весна Малинова. Првото место го освои Бети Буп, која пееше „Добар дан“, а како второпласирана заврши Ања Машановиќ со темата „Нема љубави без тебе љубави“.


Статијата е прочитана 935 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Летно модно доживување со „Академија Италијана“
Излезна порта кон светот
Прекарот Кубура го имам од основно училиште
Што ќе се гледа ова лето на нашите телевизии
Масовен убиец