Број 3385  сабота, 18 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Големи очекувања од продажбата на земјиштето за едно евро

Градоначалниците најавуваат намалување на давачките за комуналии за идните инвеститори

Билјана Ангеловска

„Подготвени сме Општина Штип да ги намали за 50 проценти комуналиите за секој што ќе биде заинтересиран да инвестира кај нас“. „Јас, пак, лицитирам со 100 отсто намалени комуналии за првите 20 хектари за оние што ќе инвестираат во првите шест месеци во Жабени“. Вака градоначалниците на Штип и на Битола, Зоран Алексов и Владимир Талевски, вчера ја искажаа својата подготвеност максимално да ја поддржат владината одлука да го продава градежното неизградено земјиште со почетна цена од едно евро квадрат. На трибината што ја организираше Министерството за транспорт и врски, тие не го криеја своето задоволство од оваа владина мерка.

Всушност, одлуката за продажба на државното земјиште наменето за изградба на стопански производни објекти, пазари и хотели по цена од едно евро за квадратен метар е прифатена со отворени раце од речиси сите градоначалници во државава. Тие гледаат во неа можност за искористување на земјиштето за кое досега не постоел поголем интерес, пред се', поради неатрактивноста на локацијата на која се наоѓа, но и поради високата продажна цена. Урбанизацијата на ваквото земјиште треба да придонесе за поголем економски развој, поголема конкурентност и нови вработувања. Генерално, ова е заклучокот од вчерашната трибина што ја организираше на оваа тема Министерството за транспорт и врски, на која, покрај владините министри од сферата на економијата, присуствуваа и претставници на ЗЕЛС, градоначалници, на бизнис-заедницата и на стопанските комори.

Одлуката за намалување на цената на квадратот државно неизградено земјиште е донесена по барање и во договор со локалната самоуправа и има за цел да го стимулира економскиот раст во државата.

„Ќе се продаваат имотноправно чисти локации, кои општините заедно со заинтересираните компании ќе треба да ги урбанизираат. На тој начин ќе се гради и онаму каде што немало досега интерес за градење, што ќе го забрза пак, регионалниот развој на државава“, рече министерот за транспорт, Миле Јанакиески, потенцирајќи дека реалната цена на земјиштето ќе биде утврдена на самата лицитација во согласност со интересот за конкретната локација.

За вицепремиерот Зоран Ставрески, со оваа владина мерка не само што им се излегува во пресрет, пред се', на домашните инвеститори туку на макроекономски план се очекува во иднина да донесе и многу позитивни ефекти. Долгорочно, според него, тоа ќе ја зголеми стапката на бруто-инвестиции за два процента на годишно ниво.

Одлуката за намалување на цената на земјиштето треба да донесе позитивен резултат и во пазарните односи. Градоначалникот Алексов истакна дека со неа се урива бариерата за инвестиции во општините поради досегашните високи цени на квадратот, кои многу често ја надминувале и вредноста на целиот објект. Тоа, според него, било причина и за чести изградби на нелегални објекти. Извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов, смета дека не смее да се застане дотука, туку да се продолжи во изградба на спортски центри, индустрија, а општините, од своја страна, да инвестираат во инфраструктурата за да можат инвеститорите да градат без проблеми.

Сепак, оваа владина одлука не ги направи многу среќни сите. Оние што имаат разработено свои мали бизниси во просториите на поранешната Стакларница во Скопје сметаат дека одлуката ги става во нерамноправна положба, бидејќи за да ги доградат или да ги прошират објектите, мора претходно да го откупат земјиштето, но по цена која е далеку од едно евро. Тие се пожалија дека намалувањето на вредноста на изграденото земјиште за 30 проценти ништо не значи за руинираниот простор на Стакларница, кој и натаму има превисока цена.

„Што треба да правиме, да ги затвориме нашите погони и да лицитираме за нова локација за едно евро. Бараме да имаме еднаков третман и да ни се помогне да го купиме земјиштето за да се прошириме, да купиме нови машини, да вработиме нови луѓе“, велат луѓето кои со години работат на просторот на некогашната скопска фабрика.

Слободни локации

Слободни локации наменети за изградба на стопански производни објекти има во Охрид, Ѓорче Петров во Скопје, Илинден, Демир Капија, Штип, Велес и во Струмица.

Со почетна цена од едно евро квадрат, ќе се продава земјиште наменето за изградба на хотели во Охрид, на неколку локации во Скопје, и тоа на кејот на Вардар, во Илинден, Аеродром, во Центар, потоа во Штип, во Делчево и на граничниот премин Меџитлија. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 1005 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 18.09.2010 14:15:36
Уште тоа остана што друго имаме да продадеме.
Од: kaktus
Датум: 18.09.2010 14:42:45
Едно евро за квадрат во Охрид? Тоа е веќе продадено!
Од: димитар
Датум: 18.09.2010 16:01:08
Кога Стијафилко даваше 3.5 евра за квадрат каменлива почва за да гради фабрика овие им бараа 10 евра. Образложението им беше македонската земја не била за раздавање за без пари. Сега ќе продаваат за 1 евро. Свесни ли се колку ниско паднаа од 10 евра на едно, и би ги прашал зошто сега раздаваат македонска земја за без пари. За жалење се, а дојдоа на власт со реклами дека ќе го освојуваат светот.
Од: јас
Датум: 18.09.2010 17:46:18
На татко им да не е земјата ( или на мама ) па да ја распродаваат за беспари???И уште се удираат в гради „НАЈГОЛЕМИТЕ ПАТРИОТИ “ Името не го давале ,а ако земјата ја распродадоа ...

Најди! во Утрински
Економија
Проекциите за раст - илузии или реалност
Во Струмичко почна втората берба на „ајварка“
Мицковиќ отфрла поврзаност со аферата во „Дојче телеком“
ВМРО-ДПМНЕ носи храна во Голо Брдо



"""