Број 3385  сабота, 18 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Проекциите за раст - илузии или реалност

Неизвесно е дали годинава ќе има раст од два отсто, а Ставрески веќе пресмета дека тој в година ќе се искачи на 3,5 отсто

Соња Маџовска

Буџетските проекции на Владата се реалност, илузија или, пак, фарса?

Ова си го поставуваат како дилема експертите со оглед на тоа што последниве две години владините проекции за економскиот раст потфрлија, а завчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, излезе со нова оптимистичка прогноза дека растот идната година ќе биде 3,5 отсто. Експертите велат дека со голема резерва ги гледаат проекциите на Владата, бидејќи досега не се истакнаа многу на тоа поле. Во 2009 година се почна со пет п��оценти, за на крај да завршиме во минус од 0,9 отсто. А за годинава експертите очекуваат растот на БДП од два отсто да се сведе околу нулата.

„Ако Ставрески се покажа во нешто, тоа е во неговите спектакуларни промашувања со проекциите за економски раст. Владините предвидувања се сведоа на фарса, зошто сега да и' веруваме. Врз кои параметри тој направил процена дека во 2011 година ќе има раст од 3,5 отсто или, пак, ја извадил од ракав. Има ли тој проекција, на пример, колкави ќе бидат во 2011 година дознаките од странство, кои годинава спречија поголем пад на БДП. Многу е тешко да се предвиди како ќе се движи идната година оваа значајна категорија за македонската економија. Станува јасно дека имаме стабилизирање на светските пазари, на металите, на нафтата. Но, не гледам дека тоа значително ќе се зголеми во 2011 година, во однос на тоа колку е годинава. Во овој момент да се зборува за стапка на раст од над два отсто е премногу оптимистички. Јас би сакал да верувам дека ќе биде така, но сакам да слушнам темелно образложение на што го темелат тоа“, вели аналитичарот Ден Дончев.

И поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, смета дека овие проекции на Владата за в година треба да се земат со висок степен на резерва. Тој смета дека маргините што ги даде Владата за песимистичка проекција за економски раст од три отсто и оптимистичка од четири отсто е многу мала, а, всушност, и двете проекции за 2011 година се оптимистички. „Растот на светската економија ќе се одвива со забрзано темпо, кој македонската економија, очигледно, нема да може да го следи. Зошто во такви услови Владата оди со проекција од 3,5 е прашање на кое треба таа да даде подециден одговор. Таа во проекциите се потпрела само на движењата во светската економија и кај земјите што се трговски партнери на Македонија. Тоа на некој начин ги исклучува автономните мерки на самата Влада. Трето и најважно е што по две години негативни стапки во економијата, во 2009 година и во 2010 година, закрепнувањето од само 3,5 отсто е многу бавно. Тоа се' уште ќе биде далеку под нивото од 2008 година, а станува збор за 2011 година. Ми се чини дека и самата Влада смета дека е илузија да ја придвижи домашната економија и кон развојот пристапува на рутински начин, а не со желба и амбиција нешто да се смени“, вели Поповски.

Според професорот Зоран Ивановски од Европскиот универзитет, реално в година може да се очекува растот на македонската економија да биде два отсто. „Нема индикации дека економијата тргнува напред и оти земјава е излезена од кризата. Централната банка и за годинава има различни проекции со Владата. Се сомневам дека ќе се исполнат проекциите доколку монетарната и фискалната не се усогласат. Тие мора да се следат една со друга. Во овој случај имаме различни проекции и различни политики“, вели Ивановски.

Инаку, според првичните најави на министерот Ставрески, во 2011 година државниот буџет ќе биде уште погломазен од сегашниот, ќе се зголемат трошоците за да се оствари поголем раст. Буџетскиот дефицит, најверојатно, ќе остане на нивото од оваа година, или 2,5 отсто од БДП. Парите од капиталните инвестиции ќе се насочеле во изградба на инфраструктурата. Ставрески цврсто стои на ставот дека годинава економијата ќе порасне за два отсто, иако во првиот квартал БДП забележа пад, а за вториот квартал бројките ќе се знаат наредната недела. И покрај тоа што тешко се полни годинашниов буџетот, а минусот Владата го покрива со пари од државни записи, таа не се откажува од непродуктивните трошења, како што се спомениците.

Проекциите на Владата отстапуваат и од оние на меѓународните финансиски институции. Според последните проекции на ЕБОР, македонската економија во 2010 година ќе оствари раст од само 0,5 отсто, а во 2011 година од 2,5 отсто.


#
Статијата е прочитана 936 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 18.09.2010 14:13:52
Сигурно му се сонило на Ставрета па се разбудил и си мисли дека е сонот вистина.
Од: јас
Датум: 18.09.2010 17:43:21
Не ,забеган.Не му се сонило ..Тој заедно со овчарот одат и сонуваат..Поправилно , двајцата се влезени во некој свој филм, каде цветаат ружи , летаат пчелички и птички, каде тече мед и млеко....Додуше за нив и стварниот живот е таков , кога би се зеле нивните конта на пример..А останатиот свет, како живее ??Тоа нив не ги интересира !!
Од: Тошо
Датум: 18.09.2010 20:31:26
Откако на А1 Стевче Јакимовски го распердаши, Ставре одлепи! Кажува бројки во кои ниту бабите не веруваат

Најди! во Утрински
Економија
Големи очекувања од продажбата на земјиштето за едно евро
Во Струмичко почна втората берба на „ајварка“
Мицковиќ отфрла поврзаност со аферата во „Дојче телеком“
ВМРО-ДПМНЕ носи храна во Голо Брдо



"""