Мицковиќ отфрла поврзаност со аферата во „Дојче телеком“
Тој не знаел за спорните договори, а ниту за „Аналитико“
Александрија Стевковска
Дејан Мицковиќ, претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“ во спорниот период во 2005 година, отфрла каква било поврзаност со корупцискиот скандал во „Дојче телеком“. Тој уште еднаш потврдува дека за време на неговото претседателствување со Бордот немал увид во спорните договори. Тој ги негира германските медиуми дека се сретнал со Рене Оберман во Бон и оти во таа пригода била условена поделбата на дивидендата со задржување на монополот на „Македонски телеком“ на пазаров. „Јас се сретнав со Оберман во Бон сосема кратко, но тоа не беше за поделба на дивидендата, туку се однесуваше на ребрендирањето на ’Мобимак‘ во ’Т-мобиле‘. Што се однесува на дивидендата, таа беше договорена на средбата меѓу тогашниот извршен директор на ’Маџар телеком‘ и премиерот Владо Бучковски“, прецизира Мицковиќ. Според него, ниту еден од спорните договори не бил предмет на разгледување на Бордот. „Овие договори ние ниту сме ги виделе ниту сме знаеле дека постојат, бидејќи тие биле на сума под еден милион евра, а таквите договори не минувале на разгледување на Бордот. За нивно потпишување дискреционо право имале директорите што ги потпишувале и кои се сега обвинети од нашите органи“, тврди Мицковиќ. Тој вели дека и пред 2005 година во „Телеком“ имало 15 спорни договори, за кои нема никаква постапка. „Јас не знаев за спорните договори, исто како што не знаев ниту за договорот со ’Аналитико‘, кој можеби не е спорен, но е мета на партиски препукувања, а бил склучен во време кога јас бев на чело на Бордот“, прецизира Мицковиќ.
Тој вели дека сака што поскоро расчистување на целиот случај.
„Би сакал што поскоро да се пронајдат сите што биле инволвирани во целиот случај и против нив да бидат поведени соодветни постапки“, додава Мицковиќ.
За договорот за услуги кој овозможува пролонгирање на некои бенефиции во „Телеком“, Мицковиќ вели дека тој постоел и претходно и оти станува збор за рамковен договор, а не за конкретен со некоја компанија.
„Одговорно тврдам дека јас на никој начин не сум поврзам со корупциската афера што го тресе ’Дојче телеком‘. Тоа можат да го потврдат и официјалните органи што ја водат истрагата. Јас можам дека потврдам дека во текот на постапката, како и многу други, бев повикан од страна на ’Вајт енд Кејс‘, ревизорска куќа која ја водеше надворешната истрага за случајот, а и од страна на американските органи како сведок. Дадов изјава и толку. Не ме товарат за никакви незаконски активности. Сите овие информации им се достапни и на македонското обвинителство и на другите органи“, нагласи вчера Мицковиќ.
Од: Begajte od ovie gnasi odma raskinuvajte dogovori, se sejkavate li kolku bese minuta na mobilen do pred 2 godini od kaj ovie krvolocnici, uste li ke im plajkate pretplata za fixen i penali!!!
Датум: 18.09.2010 12:21:21
Aj da ne se pravime mali deca i da ne se lazeme, dosta e so vakvki nedovetni izjavi. Koj mozese vo 2005ta da razgovara za Dividenda od TMobile i da nosi zakoni sto mu odgovaraa na Monopolot da nema konkurencija so cel impulsot da bide 50 denari/minuta?Koj bese togas direktor na bordot na direktori sto nosese odluki, i koj mozese da sedne na masa od vladata da pregovara za dividendi? Toa bea Bucho i ovaa neskladno-trapezovidna faca Mickovic! Aj proverete sto za svojata 4godisna direktorska kariera Mickovic izgradi na Vodno i kade kupi deloven prostor, i kade ima bankarski smetki?Ete dobra rabota za novinarite nesto da istrazat, a ne da cekaat fax od Emilijan i Biciklisticki i da trcaat na narachani pressovi kade stereotipno izvestuvaat za toa sto Stankovic i Biciklisticki sonile vecerta. Germanite se narod sto ne prostuvaat koga se raboti za parite na danochnicite i tie sve ke obelodenat, veruvajte. Gi zalam site onie sto so ovoj monopol se uste imaat dogovori i za mobilni i za internet
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2010 12:43:39
Пак некој замајува,Германците се страотно прецизни и истражуваат кој политичари земале мито во 2005 год.да Дојче Телеком нема конкуренција тука.Не прашуваат за вакви-онакви договори туку МИТО во посочениот период.Оние од Бихаќка тврдат дека се однесува за сегашнава власт која се ,,маскирала,, во ликот на функционери од Бихаќка,само да ги оцрнат.Тие се невини и немаат појма за сето ова.
Од: Али Кемал
Датум: 18.09.2010 13:38:05
Кој каква каша направил во тие години, ке си ја срка ,без разлика кој колку се правда .И така треба , а не да се правдаат со политички притисоци и со политичка заштита.Со истрагата кога ќе заврши ,ќе се види кој тоа на штета на нас сиромашни граѓани склучувал договори за да нема конкуренција а монополот да ни ја „дере кожата „ така да кога се фаќавме за тел. слушалка како струја да не фаќаше. Ама на се иде крајот ,сега невреди, јас незнаев ,јас не го видов и „ја нисам одавде„Што жнееле на посна нива сега „дебело „ ќе го жнеат.П.С. ПРИЈАТЕЛ СО ШУТРАЦИ (ФЕЛИКС)Мечката црна ќе игра кај што ќе тапа дајрето.Само да не се „изгубиш„ како прогнозите со митингот на 27 во Скопје?Да не играш без музика индијански денсИли си можда видовит ,или Клеопатра пророчица ти ги откри „сторителите?.Алоооооооо
Од: Ima i drugi zamesani faci
Датум: 18.09.2010 23:14:23
Kolku me sluzi secavanjeto vo toj Telekom nekakov clen vo bordot bese i Broce Davitkovski , poznat po mnogubrojno clenstvo vo upravni i nadzorni odbori, a isto taka na funkcija bese i redovniot finsnsiski " ekspert" Den Doncev. A kade e nivnata odgovornost za javnoto kradenje i kriminal koe se gledase od avion. Ili mu mu se umilkuvaa na onaj hohstapler so naezena kosa, Atila Sendrej.