Mинистрите се откажаа од комисиите!
Повод: „Владино-партиска тројка за факултети“, „Утрински весник“ 2747, сабота, 26 јули 2008
Сектор за односи на со Јавност на Владата на РМ
Во контекст на написот под наслов „Владино-партиска тројка за факултети“, објавен во саботното издание на вашиот весник, околу членството на Мартин Протоѓер, вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во матичните комисии, би сакале да ве информираме дека наводите во текстот не се коректно пренесени.
Имено, и покрај понудата и одлуката за нивно членство во матичните комисии, тие, и покрај тоа што нема никаква законска, ниту каква било друга пречка, одлучија од етички и морални причини да се откажат од членството во комисиите и побараа нивно изземање. Оттука, информацијата во вашиот весник е неточна и спротивна на вистината и реалноста.
|