Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кој ќе преживее во скопскиот пекол?

За време на утрешниот квалификациски меч за СП меѓу Македонија и Шкотска во Скопје се очекува температура од околу 38 степени

Миодраг Мицковиќ

Ако до вчера сите погледи на љубителите на фудбалот во Македонија, а особено на селекторот Среќко Катанец беа насочени кон нашиот најдобар играч Горан Пандев и неговата повреда, која за среќа, сепак, не е толку тешка и тој ќе може да настапи на мечот со Шкотска, сега погледите се насочени кон небото. За сабота метеоролозите предвидуваат мошне високи температури, се очекува на Градскиот стадион фудбалерите на двете екипи да играат речиси како под вршник бидејќи како што стојат сега работите ќе играат на плус 38 степени. Токму и затоа се поставува прашањето која од двете репрезентации ќе го преживее овој скопски пекол бидејќи како што вели една народна поговорка ќе играат во време кога не му е времето.

Тешко е да се каже кој ќе биде во предност дали нашите фудбалери кои како што неко и тврдат се навикнати да играат по топло време за разлика од Шкотланѓаните кои сигурно досега не играле некој натпревар ниту на клубско ниту на репрезентативно ниво со почеток во 15 часот. Меѓутоа, не веруваме дека тоа ќе биде предност за фудбалерите на Македонија бидејќи практично комплетната репрезентација игра во странските клубови, практично под рефлектори така што топлото време ќе биде и нивниот голем противник не само за селекцијата на Шкотска.

Вчера и денес, нашите фудбалери го одржаа тренингот во 15 часот, кога ќе се игра и натпреварот не им беше лесно на ова пеколно сонце, но мораа да се привикнат на условите. За разлика од нив Шкотланѓаните треба да допатуваат денес во Скопје, тие не бараа да тренираат во 15 часот туку својот тренинг ќе го одржат во 17.30 часот на Градскиот стадион.

Но, да ги оставиме временските прилики или поточно речено, неприлики, да се вратиме на мечот со Шкотска. Добро е што Горан Пандев го издржа комплетно вчерашниот и завчерашниот тренинг, добро се движи шутираше и тој сигурно ќе игра бидејќи отокот на десната нога спласна и веќе нема за него проблеми. И претседателот на Лацио Лотито беше загрижен кога слушнал дека Пандев не тренирал првите два дена, телефонски се интересирал кај својот најдобар играч каква е ситуацијата со него и сигурно дека бил задоволен дека Пандев ќе игра за Шкотска и дека болките во коленото се минато.

Мечот со Шкотска ќе биде навистина можеби пресуден во квалификациите за светското првенство, потребна е целосна поддршка од навивачите па дури и од медиумите на нашите репрезентативци, со оглед дека Шкотска е силен противник со голем рејтинг и само со максимално залагање на сите фудбалери и поддршка од гледалиштето ќе може да се успее. Напаѓачот Стевица Ристиќ е оптимистички расположен пред натпреварот со Шкотите.

„Имаме добар тим, без оглед што го почитуваме нашиот противник, мораме да победиме. Тука е нашата шанса. И мене малку ме загрижува топлото време бидејќи јас не се сеќавам кога сум играл во тоа време“.

Во текот на вчерашниот ден беа одредени и бројките на дресовите со кои ќе настапат нашите репрезентативци на мечот со Шкотска. Тоа се : 1. Милошевски, 2 Новевски, 3. Петров, 4. Седлоски, 5. И. Митревски, 6. Тасевски, 7. Гроздановски, 8. Шумуликоски, 9. Мазнев, 10. Пандев, 11 Наумоски, 12. Пачовски, 13. Положани, 14. Лазаревски и 18. Ристиќ.

Се' уште не е познато кој ќе ги носи дресовите со броевите 15, 16 и 17. За нив конкурираат Демири, Вајс, Трајанов и Грнчаров, еден од нив нема да биде во комбинација за средбата со Шкотска.

Една поголема група на шкотски навивачи веќе допатува во Скопје, почна да се создава убава атмосфера, речиси сите помали хотели во Скопје се ангажирани, да веруваме дека шкотските навивачи ќе имаат убав престој во нашиот град, јасно им посакуваме пријатно да се чувствуваат, но сепак, посакуваме со наведнати глави да се вратат во Шкотска, бидејќи веруваме дека нашата репрезентација, сепак, ќе успее да ја забележи првата победа во годинашниве квалификаци иако тоа сигурно нема да биде лесно бидејќи како што веќе напишавме Шкотска ќе биде силен противник, а токму тоа треба да биде и голема мотивација за нашите фудбалери. Доколку освоиме три бода на овој прв меч, тогаш ќе биде и многу полесно и за вториот, што се игра в среда во Скопје против Холандија сигурно уште потежок противник, но не треба да се заборави дека на двте последни официјални средби на два пати игравме нерешено со Холанѓаните 2:2 и 0:0.


Статијата е прочитана 1925 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 05.09.2008 00:43:14
Sakate da kazete vo Makedonskiot pekol a ne Skopskiot posto jas sum od Veles i jas ke odam da navivam za Makedonija,posle drugi ni se krivi!
Од: Makedonec
Датум: 05.09.2008 09:45:56
mojata prognoza za natprevarot e:2:0 za Makedonija
Од: OD MENE
Датум: 05.09.2008 10:09:06
TIE IGRAAT VO SKOPJE DRUGAR,I ZATOA SE VIKA "SKOPSKI PEKOL"
Од: od tode
Датум: 05.09.2008 10:51:22
alo igorce.Utakmicata se igra vo skopje a klimata vo skopje ili vo bitola, ohrid,veles, ne e ista taka da nemoj da mu se lutis na novinarot ne mislese loso nisto.Ti navivaj si za makedonija nikoj toa ne ti go brani
Од: Zoran
Датум: 05.09.2008 11:48:10
Taka be Igorce , Makedonsi pekol ami kako. Zoran - Sopje
Од: skopjanec
Датум: 05.09.2008 15:09:47
za velesanecot: a ti da se vratis u prvo i da razgranicuvas nekoi raboti, vo Skopje se igra aloooooo posle nie skojanite sme vi krivi sto ste teski ljubomori site od nadvor, napred MAKEDONIJA kon rez. 3:1 za nas normalno

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Наметната фотелја
Шест месеци подоцна: од дрвцата нема ни трага
СДСМ ќе одржи конгрес на 18 септември
Како импулсот води до задоволство или уништување
Рен не споменува датум за преговори
Лазe Радевски негира дека е сериски убиец
Владата во улога на Суперхик
Ало, ги слушате ли нашите прдешки
Владата нема одговор како ќе го „пегла“ трговскиот дефицит
„Макпетрол“ ќе го даде на Уставен суд Законот за експропријација
Во име на отецот...
Се прашувам
Вербатим

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.