Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Бизнисмените бараат 20,6 млн. евра од Буџетот

Буџетска поддршка од 20,6 милиони евра бара Стопанската комора на Македонија со цел да се зголемат инвестициите, инфраструктурата и извозот. Предлозите што му ги испорача на Министерството за економија се одобрување на 10 милиони евра за субвенционирање на каматни стапки на кредити наменети за претпријатија, кои над 50 отсто од своето производство реализираат во странство, пет милиони евра за опремување на национални лаборатории и нивна акредитација што е неопходна за проверка на квалитетот на производите во земјата.

За поголем пласман на домашните производи на соседните пазари од СКМ бараат и поддршка од четири милиони евра за домашните трговски фирми за изградба на два продажни капацитета во Србија и во Албанија на кои приоритетно ќе се продаваат домашни производи, 500 илјади евра за субвенционирање на камати за поддржувачки кредити за набавка на производи од домашно производство и 100 илјади евра за исплата на извозни рефундации на агроиндустрискиот комплекс на нови пазари, како што се Блискиот и Средниот Исток и Северна Африка.

„Оваа насока на буџетот од социјален во развоен треба да продолжи и во наредниот период затоа што во изминатите 15 години таа компонента не можевме да ја видиме. Бараме низ буџетот да се покаже подготвеност дека со определени средства ќе се помогне и поттикнат производството и извозот како клучни компоненти за забрзан економски развој на државата“, изјави Бранко Азески, претседателот на СКМ по средбата со министерот за економија. Тој рече дека Комората ја поддржува Владата за ново задолжување што ќе биде наменето за инфраструктурата, со цел да се завршат коридорите 8 и 10 и гасоводниот систем.

„Барањата ќе бидат разгледани, ќе имаме дополнителни средби за да одлучиме како овие предлози да бидат рефлектирани наредната година за Македонија да остварипоконкурентна економија“, изјави Фатмир Бесими, министер за економија. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Стагнираат и економијата и каматите
Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото
Сакаме книжни пари, а купуваме алат за ковани
Намалувања на цените до 80 отсто
Записите остануваат ас во ракавот на Владата
Се' живо поскапува
Промотивна понуда за „мобил-нет“






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states