Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
 

Претходен број


Site Meter
Политика

Екстерното препуштено на Државниот испитен центар?

Државен испитен центар да се грижи за реализирање на екстерното оценување во училиштата, е размислувањето во Министерството за образование и наука откако Уставен суд го укина екстерното тестирање. Неофицијално дознаваме дека во Министерството чекаат на заживување на Законот за ДИЦ, а наводно во подготовка се и измени на овој закон, со кој на Центарот ќе му се даде законска можност целосно да раководи со тестирањето. Но, прашање е колку ваквото решение на Министерството се коси со законите и Уставот, бидејќи претходно Уставниот суд го укина екстерното токму поради тоа што државни органи го подготвуваа.

Судот ги прогласи за неуставни одредбите во законите за основно и за средно образование донесени во 2008 година, според кои Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат се задолжени за организирање и спроведување на екстерното тестирање на учениците. Министерството експресно реагираше дека нема да се откаже од екстерното оценување и дека ќе најдат форми како да се врати тоа.„Државниот испитен центар со новиот закон ќе стане посебен орган. Тој раководи со државната матура, а сега со измените се планира во негова надлежност да бидат и екстерните тестови“, коментираат од ресорното министерство.

Доколку се исполни оваа идеја, тоа ќе значи дека повторно државни органи ќе се грижат за спроведувањето на екстерните тестови, што беше и главна причина за одлуката на Уставниот суд. Судот со одлуката не го поништи целосно екстерното тестирање, но забрани него да го спроведуваат и организираат државни органи како што е Министерството. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: Ал Капоне
Датум: 09.07.2009 07:32:48
Што се мачат во МОН? Зошто едноставно не го прашаат Црвенковски што е уставно, а што не?
Од: Trajko
Датум: 09.07.2009 09:05:52
Dali vladata na pastirot ima vistinski sovetnici ili luge koi sakat da si go gledat seirot.Ili negovite sovetnici se so tolkava sposobnost ,raduvajki se na nekoja troska koja ke im ja dade firerot.No toa e taka, koga vo ova propagandna vlada ,se sobrani odmetnicite od poveke parti.Pa i samiot firer proizleguva od DA.
Од: До Алка По Не
Датум: 09.07.2009 09:40:42
Абе, стваррноо нема врска... И онака Мама и Тате ќе ги направат Сите Петки! Па, после Тие, ќе те испрашуваат тебе, за уставот - дали е законски донесен!
Од: saso
Датум: 09.07.2009 09:44:00
Kako veke ednas ne naucat deka pred da se donese nekoj Zakon, prvo treba se da se proveri i da se iskonsultiraat so strucni lica, pa potoa da se istrcuvaat. Vaka Ustavniot Sud treba samo za niv da raboti. Se sto donesoa se im se ponisti, pa neli e toa dobra lekcija deka neznaat, deka gresat i deka treba veke ednas da pocnat da rabotat kako sto treba, a ne po zelba i naracka na "nekogo". Vnimavajte dobro sto pravite Ingilizova ve cekla za otstrel.

Најди! во Утрински
Политика
Пуштен автопатот од Прешево до Македонија
Зошто се отвора случај и со „Макпетрол“?
Уставниот суд го „преслушува“ прислушувањето
СДУ- За идентитетот и јазикот не може да се преговара
Пратениците од власта молчат и гласаат