Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Зошто се отвора случај и со „Макпетрол“?

Во Финансиската полиција се сомневаат во висината на досудената отштета

Гордана Дувњак

Дали Финансиската полиција прави преседан со отворањето на случајот со наплатената отштета за задржаните цистерни на „Макпетрол“, кога судскиот спор е одамна завршен, а компанијата успеа да си наплати од државната каса близу 6 милиони евра?

Или, пак, новите кривични пријави поднесени против седум лица се однесуваат на серија пропусти, кои не им биле познати на судиите, па погрешно ја утврдиле фактичката состојба, потпирајќи се на неточни податоци при утврдувањето на направената штета?

Станува збор за случај од времето на владеењето на премиерот Љупчо Георгиевски во 2001 година кога на чело на Царинската управа беше Драган Даравелски. Тој ги задржа цистерните на „Макпетрол“ на границата, обвинувајќи ги дека дериватите не се по потекло од Европската унија. Најголемиот нафтен дистрибутер во државата во редовна судска постапка, која траеше повеќе години, го доби спорот, а во ноември 2006 година ја наплати својата тужба.

Во Финансиската полиција се категорични дека не станува збор за преседан, туку за сторени злоупотреби на лица од „Макпетрол“, Царината, како и на вештото лице. За нив не е спорно дека компанијата претрпела штета во 2001 година, но не е толку голема како што е прикажана и наплатена.

„Ние не навлегуваме во судските одлуки, туку во сомневањата за сторени кривични дела од страна на инволвирани лица, кои му доставувале невистинити податоци на судот. А, во делот на Царината не презеле дејства да приговараат на ваквите процени, со што судиите биле доведени во заблуда со нецелосните и неточни податоци“, вели во изјавата за „Утрински весник“ директорот на Финансиската полиција, Љупчо Стаматовски. Тој потсетува на случаите „Бачило 1 и 2“, кои биле отворени по завршена судска постапка, откако се утврдило дека неправилно била утврдена отштетата.

Според Финансиската полиција, пропустите биле направени на неколку нивоа. Најпрво од вештото лице во однос на изготвеното вештачење, во кое на судот му биле дадени невистинити податоци во однос на лежарината, која од страна на „Македонски железници“ била отпишана, а „Макпетрол“ успеал да ја наплати.

Исто така, биле побарани пари за намалена продажба на мазут, иако според нивните направени контроли цистерните не биле сопрени. Како неточно се оценува и тврдењето на членовите на комисијата на „Макпетрол“ дека оваа фирма не можела во критичниот период да ја извршува својата основна дејност - продажба на бензини.

„Од направените проверки утврдивме дека во ниту еден момент ниту една бензиска пумпа или складишта не останале празни и без горива, туку се вршела дистрибуција и продажба. Во складовите на оваа компанија се чуваат и државните резерви“, нагласува Стаматовски.

Финансиската полиција ги товари осомничените три лица од Царината дека во законски предвидените рокови не презеле дејства со што му помогнале на „Макпетрол“ да ја добие судската битка. За нив е симптоматично и тоа што едно од тие лица подоцна е вработено на раководна функција во компанијата.

Од нафтената компанија пред два дена реагираа дека нема основа за кривичните пријави што ги поднела Финансиската полиција против пет лица вработени во „Макпетрол“. Тие се осомничени дека, наводно, го оштетиле буџетот за 2,2 милиона евра во спорот помеѓу компанијата и Царинската управа. Од Компанијата нагласуваат дека суштинското прашање кое се поставува е дали сега во кривична постапка може да се преоценува граѓанска парница за која се изјасниле сите судски инстанции.

Оттаму потсетуваат дека биле донесени вкупно осум пресуди, сите во корист на нафтената компанија. Царинската управа ги искористила сите редовни и вонредни правни лекови, процесот беше одложуван, но тоа не ја променила конечната одлука на судот.

„Утрински весник“ дознава дека досието „Макпетрол“ бил отворено на владина седница уште пред повеќе од една и пол година, кога со заклучок сите надлежни институции биле задолжени да го испитаат случајот во рамките на своите надлежности. По серија координации меѓу надлежните служби, водењето на случајот го презела Финансиската полиција.


Статијата е прочитана 2239 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 09.07.2009 01:28:04
Redno vreme bese nekoj da gi otvori fersped i makpetrol. E sega sto nekoj toa go boli, toa e negov problem. Zakonot za site nas e ist, taka?
Од: Delco
Датум: 09.07.2009 03:52:31
Drzavata i narodot ni ostanaa siromasi lopvite nija unistija drzavata ,famillite ,decata ,ni go prodavaat identitetot ni ja unistija idninata na nas vozrasnite i nasite deca -posle site skandali so dobieni drzavljanstva prethodno potpisani deka nivnite dedovci bile bugari i deka nivnite dedovci ne bile tepani nego bugarite bile vo odbrana na makedonija a prasanje od kogo ja branele makedonija ,eh da se zivi nivnite dedovci da vidat kakvi vnuci imaat pa duri koga mi mozele da cujat sto pravat nivnite vnuci najverovatno bi stanale i bi se povratile vo zivot da ja vidat vistinata na nivnite vnuci (bugari),i taka lopovite si zaminaa vo bugarija i drugi zemlji so kupeni drzavlajnstva i zad sebe ostavajki pustina i osiromasen narod i deca bez hrana i osnovni uslovi.
Од: nisto ne razbrav
Датум: 09.07.2009 08:27:24
Овој Делчо баш ништо не го разбрав, а пред да се распалат лавиците и сличните на неа хумани христијани, да предложам нешто што сите знаеме, а тоа е државата нека ги затвори Фершпед, Макошпед, Макпетрол,Фени, Силмак,Европа, Реплек,Алкалоид, Пивара, Тиквеш,Окта,Жито Лукс, Цементара-се ама баш се. Се е тоа од времето на социјализмот а потоа и од транзицијата и тоа се фирми што само и штетат на државата, ништо не и даваат за возврат и “страшни„ се загубари.ЕВН , Лотарија-ма кој да ги спомне,страва! Па после тоа белким лавиците, орцињата, Аце од Австралија конечно ќе можат да здивнат дека се што вредело е уништено, па нивната Македонија ќе може да стане буквално од пепел и да се вивне кон небото.
Од: gimce
Датум: 09.07.2009 09:00:38
koj im e kriv neka go platat reketot i nikoj nema da gi cepka
Од: mene
Датум: 09.07.2009 12:24:36
So drugi zborovi steta e dosudena vrz baza na falsifikuvani dokumenti od strana na Makpetrol. Ako se dokaze deka se raboti za falsifikati togash padjaat site presudi doneseni od strana na sudovite, odgovornite vo kompanijata odat na robija a stetata naplatena vrz osnov na falsifikat se vraca na drzavata so kamata.
Од: rozeta
Датум: 09.07.2009 12:40:26
Vo vrska so komentarot na ;nisto ne razbrav Ako site firmi sto gi naveduva vo tekstot i gi kritikuva i gi pisuva kako zagubari,go prasuvam od kade mu se podatocite? site tie firmi vrabotuvaat mnogu luge-znaci ziveaat mnogu semejstva.I ako se zatvorat ,znaci iljadnici luge ke ostanat na ulica i brojot na socijalci ke se zgolemi.A toa e celta? Treba da gledame napred i da koristime iskustva od drugi,a da ne gledame samo nekomu da nastetime.So takvo odnesuvanje ne odime napred. Znaci treba da imame drugi vizii.A ne ''da umri kozata na komsijata''
Од: pere3
Датум: 09.07.2009 14:26:16
Ova e mozno samo vo Makedonija da se slucuva presedan, sudska odluka donesena pred 6god. da se preispituva vlasta da ne mu veruva na sudot. ni se smee cel svet.A nesto skripi vo drzavata pocnuvaat so apsenja da go skrenat vnimanieertoza toa sto nemaat kapacitet da gi resavaat problemite ke izmisluvame slucaevi kako sto rekov cel svet ni se smee ke odime vo NATO i EU so vakvi mpresedani pa nikoj nete prima vaskov koga ne i veruvas na sopstvenata odluka vladta primenuva fasistiska diktatura na celo so vtor hitler (Gruevski) pa vakva nastroena fasisticka vlada ne odime daleku odime vo bezdna vo izolacija ,podelba za macedonija, ovaa vlada ne e za macedonija tuku za da ne postoi macedonija da ne postoi makedonskiot narod da nema drzava
Од: ja
Датум: 09.07.2009 14:37:16
ova e pokrivanje na raspaganjeto na vladata
Од: agaya
Датум: 09.07.2009 17:41:38
Da bese smaneto imeto vo Severna celiot kriminal sto e storen za vremeto na Republika Makedonija ke bese AMNESTIRAN. Pa sega zamislite koj i zosto najvise turka da se smeni imeto.
Од: goran
Датум: 09.07.2009 17:54:01
katastrofa klasicna mestenka uste makpetrol ostana da bide unisten i drzavava da procveta!20 GODINI SME VO TRANZICIJA!
Од: do rozeta
Датум: 09.07.2009 18:52:09
rozeta hej, na ista strana sme, tolku li ne mi ja razbra ironijata, ne citas deka velam se sto e vredno__ i ona za hristijanstkata dusa na ovie sto gi vodat ovie hajki? se e toa od dlabina na ogorcenata dusa na obicniot covek, ovie se unistuvaat toa mi e poentata, izvini ako losa metafora upotrebiv.

Најди! во Утрински
Политика
Пуштен автопатот од Прешево до Македонија
Екстерното препуштено на Државниот испитен центар?
Уставниот суд го „преслушува“ прислушувањето
СДУ- За идентитетот и јазикот не може да се преговара
Пратениците од власта молчат и гласаат