Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Населението околу „Окта“ бара да се продолжи со медицинските прегледи

Жителите очекуваат двете мерни станици во Миладиновци и во Мршевци да почнат со работа

Сања Наумовска

Жителите на селата кои гравитираат околу рафинеријата „Окта“ побарале мобилните медицински екипи на Министерството за здравство да ги продолжат лекарските прегледи за уште пет дена. Тие сметаат дека треба да бидат прегледани поголем број мештани за да се добие вистинска слика за нивната здравствена состојба и последиците од загадувањето.

По еднонеделната блокада на рафинеријата, жителите се во очекување и на започнување со работа на двете мерни станици кои Министерството за животна средина ги постави во селата Миладиновци и Мршевци. Како што беше договорено, во тек е и чистење на селскиот канал кој беше загаден со отпадна вода од „Окта“. Од рафинеријата се очекува во периодот додека производството е во прекин да го изгради цевководот за отпадните води. Во спротивно, најавуваат жителите, повторно ќе се соочи со блокада.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојаноски, и членови на Координативното тело деновиве го информирале министерот за здравство, Бујар Османи, дека за три дена, колку што престојуваа мобилните екипи во селските амбуланти, се прегледале 200 деца и 400 возрасни. Тоа, според мештаните, е десет пати помала бројка вкупното население, од која не може да се извлече вистинска слика за здравствената состојба. Заради тоа се бара продолжување на медицинските интервенции за дополнителни пет дена.

Жителите се во очекување и на резултатите од анализите на крв кои треба да ги изработи Републичкиот завод за здравствена заштита, како и резултатите за евентуалните хронични болести кои се поврзани со перманентното загадување од рафинеријата.

Жителите, на средбата со заменик-министерката Соња Липиткова пред два дена, побарале од Министерството за животна средина дневно читање на резултатите од мерните станици, а не еднаш месечно како што предложило Министерството. Од Координативното тело најавуваат и споредба на граничните вредности на пет најважни параметри кои ги дозволуваат македонските закони со европските прописи. Тие се сомневаат дека загадувањето што го дозволуваат македонските закони е штетно за нивното здравје, а доколку биде неопходно, ќе поведат и иницијатива за промена на законите.


Статијата е прочитана 78 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 11.12.2008 00:49:50
konecno malku pocnaa lugjevo da disat cist vazduh..barem ne kako onoj do sega

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Во Градскиот парк светилките светат и преку ден
„Комунална“ продолжува со редо��на работа
ЈСП ќе ги добие парите за ученичките билети до крајот на идната недела