Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Европа го стега ременот, опасност од нова рецесија

Цела Европа влезе во период на „стегнување на ременот“, а масовните протести поради мерките за штедење се се' почести, пишуваат светските медиуми. Шокот особено силно се чувствува во земјите што по Втората светска војна излегле од сиромаштија и станале просперитетни, благодарение на повеќедеценискиот стопански раст, коментира „Фајненшл тајмс“.

Се стравува дека Европа премногу доцна одлучи да преземе нешто и оти строгите мерки на штедење ќе го оневозможат натамошното економско закрепнување, па дури и може да предизвикаат нова рецесија, предупредуваат експертите. „Фајненшл тајмс“ потсетува дека финансискиот пазар укажува на ранливоста на Грција, Шпанија и на Португалија, што го поведе усвојувањето на пакетот од 750 милијарди евра за спасување на овие земји. Весникот оценува дека владите потрошиле многу пари во двете години од финансиската криза, но оти сега ќе мора да ги намалат големите буџетски дефицити. „Постои опасност дека Европа дејствувала многу доцна и оти силните мерки за штедење може да ги ограничат првите знаци на новиот економски раст и со тоа да ги зголемат буџетските проблеми во иднина, што повторно може да доведе до рецесија“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Завчера, пак, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека од судбината на еврото зависат и Европа и идејата за Европска унија. „Ако пропадне еврото, не пропаѓаат само пари, туку и Европа и идејата за Европска унија“, изјави Меркел. Таа ги повика европските држави да се борат за стабилноста на еврото и наведе дека владите-членки на еврозоната ветиле стабилност, а сега треба да се исполни тоа ветување. „Овој тест е егзистенцијален и тој мора да се положи“, додаде Меркел. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 833 пати.

Испрати коментар

Од: silvester, sidnej
Датум: 15.05.2010 02:43:41
Ha, sega znam zosto na Gruevski ne mu se brza. Ceka da se rasturi Unijata...

Најди! во Утрински
Економија
Македонија чека половина милијарда евра од ЕБОР
Живко Радевски сака да го рестартира „Сведмилк“
Португалија воведува строги мерки на штедење
ЕЛЕМ и ЕВН ни на небо ни на земја
Млекото не се плаќало со кашкавал
АЦВ обезглавена - кој ќе биде новиот директор?
Блокиран влезот во Скопје