Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Живко Радевски сака да го рестартира „Сведмилк“

Тој поднел иницијатива до стечајниот управник за повторно да го стави во функција овој капацитет

Александрија Стевковска


Живко Радевски, поранешен директор на ИМБ, кој практично ја изменаџира и продажбата на овој најголем млечен капацитет во земјава, сака да ја рестартира „Сведмилк“. Тој поднел иницијатива до стечајниот управник на шведската млекарница, Богољуб Макревски, за повторно да го стави овој капацитет во функција. Сепак, иницијативата вчера не доби благослов од мнозинството доверители на фабриката.

Радевски поднел иницијатива до стечајниот управник на „Сведмилк“ за доставување бизнис-план за рестартирање на фабриката. За ова треба да гласаат доверителите поради што рочиштето за овој случај е презакажано за 11 јуни, кога би требало да биде донесена и конечната одлука за иднината на млекарницата.

„Најголемиот доверител на млекарницата, НЛБ Тутунска банка, чие хипотекарно право стечајниот управник Макревски го призна, се изјасни против рестартирање на млекарницата. Овој најголем доверител бара ликвидација на ’Сведмилк‘“, изјави Ване Андреев, адвокат на Земјоделско-сточарскиот комбинат од Струмица, по вчерашното завршување на едно од многуте рочишта, на кои се расправаше за иднината на овој преработувачки млечен капацитет.

Според него, противењето на НЛБ Тутунска банка било пресудно да се одложи одлуката дали фабриката ќе се рестартира. „Се остави време и останатите доверители да се произнесат за иницијативата за рестартирање, за која верувам дека ќе биде прифатена. Доколку рестартирањето како варијанта биде прифатено, по 45 дена, треба да се достави планот за рестартирање до доверителите, за кој тие треба да се произнесат“, објасни Андреев.

И додека се одолжува одредувањето на натамошната судбина на „Сведмилк“, сточарството во Македонија тоне.

Фармерите останаа без крави, државата без млеко. Млекарниците увезуваат млеко и млечни преработки. Уништувањето на сточарството поради „Сведмилк“ со себе надолу го повлече целиот синџир во земјоделството. Тоа го докажуваат и најновите податоци на Заводот за статистика за бројноста на добиточниот фонд и продукцијата на млеко.

Имено, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, во споредба со 2008 година, вкупниот број говеда е намален за 0,4 отсто.

Намалувањето на бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства изнесува 0,4 отсто, додека бројот на говедата кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги е зголемен за 1,4 отсто.

Намалено е и ��роизводството на млеко во 2009 година. Така минатата година биле произведени 394.942 илјади литри, што е за 9,8 отсто помалку од годината пред неа. Според податоците на Статистика, лани во количините на произведено млеко, кравјото учествувало со 342.622 илјади литри, што е за 7 отсто помалку во споредба со 2008 година.


#
Статијата е прочитана 1027 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко,Ресен
Датум: 15.05.2010 00:53:10
Изгледа згрешиле во броењето.Јас мислам дека е зголемен многу бројот на говеда во државава последнава година.
Од: Bitolski Konzul do Zarko,Resen
Датум: 15.05.2010 10:35:54
Ti prijatele resenski izgleda pojma nemas sto se desava so stocniot fond i zatoa ako ne znaes ne davaj komentari. Stocniot fond vo drzavava e namalen za 40%,a toa sto drzavniot zavod za statistika dava drugi podatoci e za da ja sokrie krizata...Aram da im e samo toa ke recam...
Од: DO G-DINOT RADEVVSKI
Датум: 15.05.2010 11:53:33
Vo Makedonija nema mesto za SPPOSOBNI LUGE,sekogash na preden plan se POGODNITE.Zato site koi bea sposobni menazheri se nadvor od Makedonija.
Од: До битлскиот конзул и Жарко
Датум: 15.05.2010 13:57:04
Зголемен е бројот на Волови и Биволи а поготово на овци за стрижење а на целиот друг сточен фонд намалален.
Од: Bt
Датум: 15.05.2010 19:37:38
A zosto ne Z.Radevski - dokazan stopanstveniki covek so renome vo biznisot - ili se plasi nekoj od negovoto vleguvanje vo Svedmilk.Licno mislam deka edinstveno toj nesto mozi da napravi so Svedmilk - seto drugo e seenje magla.A do Bt konzul " Zarko dobro napisa NO ti ne go sfati dobro.

Најди! во Утрински
Економија
Европа го стега ременот, опасност од нова рецесија
Македонија чека половина милијарда евра од ЕБОР
Португалија воведува строги мерки на штедење
ЕЛЕМ и ЕВН ни на небо ни на земја
Млекото не се плаќало со кашкавал
АЦВ обезглавена - кој ќе биде новиот директор?
Блокиран влезот во Скопје