Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

ЕЛЕМ и ЕВН ни на небо ни на земја

Вчера втор пат беше пролонгирана расправата во Основен 2, овој пат за крајот на септември

Маја Томиќ


Дали државната ЕЛЕМ има намера да се повлече од тужбата против „ЕВН Македонија“ или, пак, намерно се тактизира за Владата да купи време до расправата на Арбитражниот суд во Вашингтон? На ова упатуваат одложувањата на рочиштата во Основен суд Скопје 2, вчера по втор пат. Расправата еднаш беше закажана за 9 април, па двете страни се договорија да се одложи за вчера, 14 мај, а сега повторно се пролонгира за крајот на септември. Дознаваме дека овој пат причина за одложувањето било барањето на Судот, односно фактот што неодамна за овој спор е назначен нов судија, кој сакал да има повеќе детаљни информации за овој случај.

Како што досега се одвиваат работите, прашање е дали воопшто ќе има некаква судска расправа меѓу страните до крајот на годината. Од двете компании никој не сака официјално да каже кои се причините за повторното пролонгирање на рочиштето, а единствено ја потврдуваат информацијата дека расправата е одложена, без никакви други коментари.

Дознаваме дека целата работа околу почнатиот спор ја туркаат во двете компании експертски и адвокатски тимови и какви било подетаљни информации засега воопшто не излегуваат во јавност.

Уште во февруари годинава почнаа да се чувствуваат нови ветрови во односите меѓу двете компании, кои минатата пролет почнаа да се спорат поради неплатени долгови уште од времето на некогашното ЕСМ. Владата, односно вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за економија Фатмир Бесими, тогаш ги седнаа на маса првите луѓе на „ЕВН Македонија“ и на ЕЛЕМ и кажаа дека се очекува позитивен исход од нивниот спор. Односно дека до закажаното рочиште во април ќе се најде заедничко компромисно решение. Тоа, меѓу редови, се толкуваше како најава оти ЕЛЕМ, односно Владата, ќе се повлече од тужбата. А, тоа, пак, натаму би можело да резултира и со повлекување на тужбата на ЕВН АГ од Вашингтон, која може да ја чини државата стотици милиони евра. Доскорешниот претставник на ЕВН АГ, Гинтер Офнер, неодамна посочи дека компанијата е на добар пат да ги затвори сите тековни постапки и да најде решение за досегашните недоразбирања со ЕЛЕМ, што ќе биде добра основа за решавање и на другите проблеми, што се протолкува како најава за можно стопирање на рочиштето во Вашингтон, ако се средат работите во Основниот суд 2.

Новото раководство на „ЕВН Македонија“, кое стапи на функција на 1 април годинава, засега молчи. Не само за спорот со ЕЛЕМ, туку и за да соопшти какви било информации од работењето на компанијата.

За потсетување, причина за судскиот спор меѓу ЕЛЕМ и „ЕВН Македонија“ се 160 милиони евра ненаплатени побарувања од некогашно ЕСМ. Откако првичната пресуда на Основен суд Скопје 2 беше во корист на ЕЛЕМ, по жалбата на ЕВН до Апелација есента 2009 година, беше укината пресудата и тужбата на ЕЛЕМ повторно се врати во Основен 2 од Скопје.


#
Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Европа го стега ременот, опасност од нова рецесија
Македонија чека половина милијарда евра од ЕБОР
Живко Радевски сака да го рестартира „Сведмилк“
Португалија воведува строги мерки на штедење
Млекото не се плаќало со кашкавал
АЦВ обезглавена - кој ќе биде новиот директор?
Блокиран влезот во Скопје