Македонија очекува да добие околу 450 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за пакет проекти од патната инфраструктура, железницата и енергетиката. Ова е најавено на средбите што вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ги имаше во Загреб со претставници на ЕБОР.
Банката е заинтересирана за проектот за ревитализација на железничките пруги од коридорите 10 и 8, како и за проектот за изградба на гасоводниот систем. Се очекува ЕБОР да го потврди и грантот од половина милион евра за изградба на физибилити студија за железничката пруга од Коридорот 8, а до крајот на јуни бордот на директори треба да донесе одлуката за заем од 17,6 милиони евра за реконструкција на железничката пруга по должината на Коридорот 10.
На средбите пред годишното собрание на ЕБОР станало збор и за тековниот проект за ревитализација на регионалните и на локалните патишта во кои ЕБОР има инвестирано околу 50 милиони евра.
Начелен интерес од оваа банка бил пројавен и за финансирање на гасоводниот систем за кој конечната одлука се очекува бордот на директори да ја донесе до крајот на годината. Во областа на енергетскиот сектор, најавени се разговори за проектот ХЕЦ „Бошков мост“ , вреден 80 милиони евра. (МИА)
Да,тоа е добро но ако парите бидат пренасочени и потрошени за вистински намени.Се плашам од скренување на патеката на парите ,во друга насока.Зошто грците се во ваква состојба,па тие и парите дадени за олимпијадата,наместо да ги трошат само за спортски сали и терени,тие ги трошеа за изградба на автопатишта.Но сепак остана нешто корисно.А кај нас може да им се изгуби трагата и полицијата да превзема мерки против непознат сторител.Иако јасвна тајна ке биде кој е вистинскиот сторител за исчезнување на пари во непознат правец.