Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

АЦВ обезглавена - кој ќе биде новиот директор?

Во јавноста се шпекулира со името на Дејан Мојсовски како можен наследник на Крстевски откако тој поднесе оставка

Соња Маџовска

Кој ќе седне во директорската фотелја на Агенцијата за цивилно воздухопловство, е прашање што се отвори завчера откако досегашниот в.д. директор на АЦВ, Зоран Крстевски, си поднесе оставка. Веќе на големо во јавноста се шпекулира со името на Дејан Мојсовски, како можен наследник на Крстевски. Мојсовски е актуелен раководител на Секторот за безбедност во АЦВ и познавачите велат дека е човек што долго време работи во Агенцијата и добро ги познава состојбите таму. Но, има и една друга шпекулација што се врти во јавноста, а тоа е дека Мојсовски е во роднински врски со премиерот Никола Груевски.

Уште едно име се споменува за наследник на Крстевски, и тоа од редовите на М-НАВ, но тој подоцна во телефонски разговор за „Утрински весник“ ги отфрли овие шпекулации. Луѓето од авиобизнисот со кои контактиравме вчера, очекуваат или барем се надеваат дека новиот директор ќе биде човек од редовите на Агенцијата, кој добро ги познава состојбите, а не политичка фигура.

Сепак, кој и да дојде на местото прв човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство, треба да помине низ новата процедура, која е пропишана со последните измени на Законот за АЦВ, кои пред само два дена ги поддржаа парламентарците. Со измените целосно се менува начинот на управување со АЦВ. Сега треба да се формира Управниот одбор, кој ќе го именува Собранието, а потоа дури ќе се избира директор преку јавен оглас, на кој, сепак, ќе можат да се јават повеќе кандидати. Со измените Агенција од владина преминува во целосно независно, односно ќе функционира како регулаторно тело. Според новите правила, Агенцијата ќе се финансира од дел од прелетите пресметани според формула на „Еуроконтрол“, од надоместокот од полетно-слетната патека и од осветлувањето на аеродромите во висина од 2 отсто, како и од услугите на издавање дозволи на пилоти и воздухопловен персонал, како и од слични други административни услуги утврдени со закон.

Инаку, откако Крстевски завчера ја депонираше оставката во Владата, сега никој не кажува кој во меѓувреме ќе ја извршува оваа важна функција до избор на новиот директор. Од Министерството за транспорт и врски, каде што не' упатија од АЦВ, не креваат ни телефон, а камоли да се добие каква било информација. Од АЦВ објаснуваат дека најверојатно Крстевски ќе ја врши оваа функција се' до изборот на неговиот наследник, по што тој ќе замине на новото работно место во „ТАВ Македонија“. Тој се враќа на аеродромот „Александар Велики“, бидејќи таму местото му мирувало, велат од скопскиот аеродром. Оттаму објаснуваат дека кога Турците, пред официјалното преземање на аеродромот, потпишуваа договори со сите вработени, потпишале и со него отворен договор. На кое место ќе се врати Крстевски, засега никој не открива, а тој е недостапен за какви било информации. Со оглед на тоа што сега Турците си назначија свои луѓе на челните позиции, неофицијално од скопскиот аеродром велат дека Крстевски, единствено може да има функција на советник, каква што сега има и претходниот директор на аеродромот „Александар Велики“. За оставката на Крстевски уште се шпекулира и дека била напишана уште пред еден месец, но, тој, сепак, чекал да се донесат последните измени на Законот за воздухопловство, па да ја испрати во Влада.

Од АЦВ потврдија дека Кртстевски завчера официјално ја доставил оставката до Владата. „Во согласност со интенциите за новиот начин за избор на директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а со цел забрзување на постапката за избор на директор, актуелниот директор поднесе оставка“, велат од АЦВ.


#
Статијата е прочитана 702 пати.

Испрати коментар

Од: Tetovo
Датум: 15.05.2010 02:17:24
Ako ima pravna drzava Krstevski mesto vo Aerodrom da se vrati da se isprati direktno vo Idrizovo za zloupotreba na funkcijata,Revizijata pokaza deka imalo zloupotrba na kogo uste cekame da gi potrosi parite ili da padna vlasta pa posle ??????
Од: Stevo
Датум: 16.05.2010 09:19:00
Zoran ja vrsese svojata fukcija vo ramkite na moznostite mnogu profesionalno Odlicen kako politicar dobar i stabilen kako licnost

Најди! во Утрински
Економија
Европа го стега ременот, опасност од нова рецесија
Македонија чека половина милијарда евра од ЕБОР
Живко Радевски сака да го рестартира „Сведмилк“
Португалија воведува строги мерки на штедење
ЕЛЕМ и ЕВН ни на небо ни на земја
Млекото не се плаќало со кашкавал
Блокиран влезот во Скопје