Александар Палас
Тенис за деца кај „Еди Вега“
Балони, сокчиња и љубопитни детски очиња го прославија отворањето на тенискиот клуб - школа за деца „Еди Вега“ пред една недела, на терените кај хотелот „Александар Палас“. Од 7 мај, па секое попладне по 17 часот, децата од најмала возраст, како и нивните родители ќе можат да ги совладуваат тајните на тенисот, со соништа за професионална кариера или само за сопствено задоволство и рекреација. Сопственикот на тениската школа, Еди Хашимбеговиќ, има осмислено различни програми, за различни возрасти. Тренингот и подучувањето е во рацете на четворица професионални тренери (поранешни тенисери и тенисерки), кои со задоволство ја пренесуваат својата вештина. Пролетта е создадена за детската радост на еден нов гем, сет-меч! |