Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Стил

Лора Буш

Скапо е да се биде прва дама

Во својата автобиографија, наречена „ Говорејќи од срце“, поранешната прва дама на САД, Лора Буш, се' уште е многу воздржана, но, сепак, донесува многу фактографски податоци, без навлегување во политиката

„Кој би рекол! Најпосакуваниот ерген во Мидленд се жени со стара мома од Мидленд!“, ја открива Лора Буш во својата автобиографија реакцијата на мајката на една своја пријателка на веста дека таа ќе се омажи за Џорџ В. Буш. Двајцата имале по 31 година. „Мојата пријателка остана без зборови. Но, јас мислев дека тоа е смешно. Всушност, јас сум четири месеци помлада од Џорџ“, коментира авторката.

Својата животна приказна бившата прва дама ја почнува во ова гратче во длабоката провинција на Тексас, кое зависи од нафтената индустрија, каде што Бушови живееле додека Џорџ не наполнил 13 години.

Лора била единствено дете во семејството, желна за браќа и сестри. Кога тргнала на училиште било откриено дека и' е ослабен видот, дека едвај ги распознава облиците, носела очила со дебели стакла, а во 13. година добила леќи. Но, тоа ја научило да биде внимателна во движењето. Исто како што автомобилската незгода, што ја имала на 17 години, при што погинал нејзиниот училишен другар, ја научила на молчење и воздржаност.

Џорџ Буш повторно го сретнала кај заеднички пријатели, кога тој се вратил да живее во Мидленд и да работи во нафтената индустрија, а таа дошла во посета од Остин.

„Не ми се брзаше... претпоставував дека е заинтересиран за политика, а јас не бев“, признава поранешната прва дама на САД. Но, останале до длабоко во ноќта: „само ние четворицата, седејќи зад куќата и јадејќи хамбургери“, продолжува Лора.

Утредента Џорџ ја повикал на мини-голф, а по шест седмици ја побарал за жена. Набрзо ги запознала Џорџ и Барбара Буш.

„По ручекот, татко му на Џорџ го извади џебниот календар и ги прегледа викендите таа есен. За неколку минути го избра денот на свадбата: 5 ноември 1977 година, еден ден по мојот роденден, а еден ден пред годишнината од немилиот инцидент ( атентатот на Кенеди). Немаше време за печатење покани. Џорџ и јас сакавме едноставна свадба. Јас купив здолниште и блуза од свила, во боја на слонова коска, во еден индиски дуќан. Беше тоа мала свадба, според тексашките мерила. Ниту едниот ниту другиот не баравме некој со кого би се забавувале, туку некој со кој би го делеле животот. Двајцата сакавме деца. Бевме подготвени да градиме нова и трајна иднина“, пишува Лора Буш, која долго тагувала зашто немала свои деца. Кога веќе изгледало безнадежно и процедурата за посвојување деца била во тек, конечно, забременила и есента 1981 година двојката добила близначки.

„Џорџ сакаше да биде татко. Им менуваше пелени и стануваше навечер за да ги нахрани. Доаѓаше дома, смислувајќи авантури“, се потсетува Лора Буш.

Лора Буш дискретно пишува за алкохолизмот на својот сопруг. Во книгата тврди дека во нивната генерација сите многу пиеле, па во мидлендските домови утрото почнувало „со кафе и аспирин“. „Џорџ пиеше три Б: бурбон пред вечера, пиво (бир) со вечерата и сладок Б енд Б по вечерата“, напишала и додала дека како дисциплиниран спортист секој ден трчал за преку потта да излезе нешто од алкохолот. Но, до вечерата повторно би земал нов пијалак.

„Никогаш не сум рекла ’Џим бим‘ или јас. Таа шега настана многу години подоцна. Немав намера да го напуштам Џорџ, ниту бев подготвена да му дозволам да ме остави со близначките. Нашиот брак издржа. Се сакавме и бевме двајца на кои разводот не им е во ДНК. Но, бев разочарана. И му давав до знаење дека сметам оти би можел да биде подобар човек“, пишува Лора Буш, негирајќи ги приказните дека нејзиниот сопруг го оставил пиењето дури откако таа му се заканила оти ќе го напушти. Тврди дека тоа го направил на едно патување, по лудо целоноќно пијанење со пријателите.

„Можеби тоа се случи зашто наполнивме по четириесет години. И затоа што неговиот татко беше потпретседател и требаше да се кандидира за претседател, а никој од неговите деца не сакаше да направи нешто со што би го посрамил...“, размислува таа.

Како што се дознава од книгата на Лора Буш, да се биде прва дама, многу е скапо. Најмногу чини дизајнерската облека.

„Ме нервираше што морам од сопствениот буџет да плаќам некој да доаѓа во Белата куќа за да ме фенира и да патува со мене кога одиме во странство. Џорџ и јас месечно сами си ја плаќавме храната: појадокот, ручекот и вечерата во Белата куќа, како и кога ќе ни дојдеа ќерките или некој од пријателите ќе преспиеше. Си го плаќавме и хемиското чистење, а ако имавме приватна забава, моравме да ги платиме сите трошоци, вклучувајќи ја и дневницата за персоналот, кој остануваше по пет часот попладне“, открива Лора Буш.


#
Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар

Од: Православна Македонија
Датум: 15.05.2010 17:43:33
Прекрасна жена.

Најди! во Утрински
Стил
Започна филмскиот спектакл во Кан
Економската криза го намали бројот на филмовите
Матурски фустан преку „Фејсбук“
Мохамед се откажа од „Херодс“
Тенис за деца кај „Еди Вега“