Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Стил

Фестивал

Започна филмскиот спектакл во Кан

 

Пијанистката Билјана Петровска и виолинистката Пламенка Трајковска, алијас дуо „Талија“, ја добија честа и можноста со програмата на амбасадата на Република Полска за 200 години од раѓањето на Шопен да ги изнесат неговите дела по мерка на македонската душа. Веќе имаат одржано два концерта, а на 19 мај ќе настапат пред публиката во Куманово

Дури и на површните музички лаици, што по игра на случајот се запознале со некое од делата на Фредерик Шопен, им станува блиска и јасна дефиницијата за универзалноста и вонвременската димензија на убавата музика. Иако создавана пред речиси 200 години, романтичарскиот сензибилитет на неговите (пред се') пијанистички дела, колку и да звучи хипотетски, на некој начин во себе ги содржат никулците на она што денес го нарекуваме популарна музика. Всушност, во свое време, според условите на векот и општеството во кое се родил и живеел, и самиот Шопен бил на рангот на денешните планетарни музички ѕвезди.

Сепак, неговото дело и двесте години по неговото раѓање ја покажува генијалноста и заслуженото величање на овој композитор со полско потекло, кој Франција го доживува како свој, а емоциите што ги излеал во своите музички дела се препознаваат како светско наследство. Токму затоа, годинава низ целиот свет се одбележува 200-годишнината од раѓањето на Фредерик Шопен. Во тој контекст амбасадата на Република Полска во Македонија организира серија концерти со македонски изведувачи, низ земјава како дел од одбележувањето на оваа 200- годишнина на уметникот, една од гордостите на Полска.

Пијанистката Билјана Петровска и виолинистката Пламенка Трајковска, кои десетина години како дуо „Талија“ дејствуваат како популаризатори на класичната музика, настапувајќи на места каде што луѓето сакаат да одат, а не само да ги чекаат во концертните сали, ја добија честа и можноста во оваа програма на амбасадата да го донесат Шопен по мерка на македонската душа. Тие веќе имаат одржано два концерта од Шопеновиот серијал во Велес и во Тетово, а на 19 мај со програмата од овој композитор ќе настапат пред публиката во Куманово.

- Понудата за оваа серија концерти низ земјава ја добивме од амбасадата на Република Полска во Македонија врз основа на нашата повеќегодишна соработка со нив – раскажуваат Пламенка и Билјана, од дуото „Талија“. Тоа за нас претставуваше голема чест, задоволство и одговорност, токму поради јубилејот од неговото раѓање, а уште повеќе зашто Шопен е многу популарен и е��сплоатиран композитор.

- Сепак, тој, пред се', е композитор за пијано, но за голем број од неговите композиции се направени транскрипции за пијано и виолина – продолжува приказната за искуствата на Билјана и Пламенка со Шопен. Големи виолиниости, како Милнштајн, Пабло Сарасате, Шулц... имаат создадено транскрипции за пијано и виолина. Изборот на програмата ја направивме според претходните искуства што ги имаме со вкусот на македонската публика за Шопен. Тоа, главно, беа валцери и мазурки, како и неговото постхумно излезено ноктурно број 9. И порано настојувавме да го донесеме Шопен поблизу до македонската публика. Додека бевме на специјализација во Париз, во 2003 и во 2004 година, откривме дека во многу ресторани во Париз се изведува музика на пијано, и тоа токму Шопен, како атрактивен момент од понудата на ресторанот. Тогаш самите решивме ова искуство да се обидеме да го пренесам во Македонија. Не е лесно, но верувајте, се' повеќе е прифатено – вели дуото „Талија“.

За ова искуство од серија концерти со програмата на Шопен, во организација на полската амбасада, велат дека е нешто што го посакува секој амбициозен музичар, што бара високо ниво на изведба и организација.

-Самото компонирање на Шопен е многу емотивно, не е строго метрички, со посебен начин на фразирање – размислуваат Билјана и Пламенка. Кога се изведува како дуо на пијано и виолина, бара повеќе комуникација, размислување на иста фреквенција на изведувачите. Ние долго работиме и настапуваме заедно, па многу слично ја разбираме музиката на Шопен, што е еден од главните предуслови за изведба на вакви сложени дела. Иако тоа се оригинални пијанистички дела, боењето на виолината создава нова димензија на таа композиција, нова естетика.

Вториот концерт од овој серијал што го одржа во Тетово, се случуваше во чувствително-трагичниот момент на авионската несреќа во Русија, каде што загина претседателот на Полска, Лех Качињски, неговата сопруга Марија и уште 94 луѓе од врвот на полската политика.

-Иако помисливме дека тој концерт нема да се одржи, сепак, од полската амбасада не' замолија да го искреираме во духот на емоциите што владееја по таа трагедија – раскажува дуото „Талија“. Тоа беше особено тешка задача да се најдат композициите што ги искажуваат најтешките емоции на Шопен. Бевме замолени, но и само по себе се наметнуваше изведбата на Шопеновиот „Посмртен марш“. Долго истражувавме да најдеме транскрипција за пијано и виолина. Бидејќи не успеавме да најдеме таква транскрипција за „Посмртниот марш“, моравме самите да ја направиме. На крајот, и покрај тажната конотација, концертот доживеа успех кај публиката и добивме честитки за изведбата и изборот на програмата - евоцираат пијанистката Билјана и виолинистката Пламенка.

Овој труд со делата на Шопен имаат намера да го постават на носач на звук, па покрај концертните ангажмани, работат и на барање на соодветен простор и пијано, каде што ќе можат да го снимат материјалот.


#
Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Стил
Економската криза го намали бројот на филмовите
Матурски фустан преку „Фејсбук“
Мохамед се откажа од „Херодс“
Скапо е да се биде прва дама
Тенис за деца кај „Еди Вега“