11.05.2012, 17:55 Во Гостивар се собраа неколку стотици луѓе
За време на протестите не се случи никаков инцидент
Гостивар - Гостиварскиот градски плоштад, вчера околу 14 часот,беше собирното место на најавените демонстрации. Се собраа стотина демонстранти, повеќе имаше сеирџии, со неколку албански и муслимански знамиња го започнаа протестот. Групата од време навреме извикуваа: „УЧК“, „Голема Албанија“, „Албанците не се терористи“, „Притворените да ги пуштат од затвор“, „Сакаме правда“...Упатија погрдни пароли против премиерот, министерката за внатрешни работи, и против Македонците. Демонстрантите со марширање свртеа околу централното градско јадро.Потоа, од плоштадот се упатија кон зградата на правосудните органи каде бурно протестираа. По булеварот „Браќа Ѓиноски“ се движеа до Центарот за култура „АСНОМ“, од каде продолжија по булеварот „ Гоце Делчев“. Демонстрантите имаа цел да протестираат пред зградата на Полициската станица, меѓутоа, кордон на полицајци не им дозволи и ги принуди да продолжат да се движат по булеварот, а потоа по улицата „Илинденска“, од каде мирно се разотидоа. За време на протестите не се случи никаков инцидент. Во целиот град беше распоредено силно полициско обезбедување. (К.К.) |