Отворено летно кино во Битола
Од вечерва во Битола, во рамките на „Битфест“, почнуваат деновите на „Отворено летно кино“, кои ќе траат до 14 август, а ќе се одржуваат во амфитеатарот „Тумбе-кафе“.
Вечерва во 21 часот ќе биде прикажана комедијата „The 40 year old virgin“. Приказната е за 40-годишен маж вработен во продавница за електроника, кој без никакво сексуално искуство, сретнува самохрана мајка и се вљубува.
„Отворено летно кино“ е во организација на Младинскиот европски форум. Во негови рамки ќе бидат прикажани седум филма.
|