Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Концерт на пијано дуо на „Битолско културно лето“

Вечерва во рамките на „Битолското културно лето“, во Заводот и музеј во 20,30 часот, концерт ќе одржи „Дуо пијано“ во состав: Билјана Димовска и Татјана Божиновска. Како дуо, двете пијанистки настапуваат неколку години наназад, а на својот репертоар негуваат програма од периодот на барокот до модерната музика. Дуото има одржано повеќе рецитали низ земјава, во Битола, Ресен, Охрид, а последниот наста�� го оствари на Интернационалниот фестивал „Интерфест“ во Битола во 2009 година.

Вечерва, „Дуо пијано“ ќе се претстави со дела од Григ, Рахмањинов и Равел.

Пијанистката Билјана Димовска има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди, а настапувала и како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 година, заедно со саксофонистот Боби Коминовски, снимија ЦД. Пијанистката Татјана Божиновска, пак, има одржано повеќе концерти и рецитали во земјава, но и во Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, САД, Хрватска, Австрија... Има настапувано и како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Член е на триото „Интерарт“ со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари и со кое досега сними три ЦД-а. Вработена е во Средното музичко училиште во Битола како професорка по пијано.


#
Статијата е прочитана 173 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Границите за нас немаат значење
Симфониите на Малер денес се вистински празник
Концерт на хорот за духовна музика „Мелодија“
Отворено летно кино во Битола
Гран-при за Богоја Пусторекански на филмски фестивал во Србија

"""