Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Работник загина во „Макстил“, несреќата како да не се случила

Никој не ја известил полицијата, Трудовата инспекција дознала по три дена, а за случајот молк и од Клинички

Горан Адамовски

Смртта на скопјанецот Јован Андонов (33) на работно место во железарницата „Макстил“ не го засега никого. Надлежните во железарницата саботната несреќа ја пријавиле во Трудовата инспекција дури во вторникот. Клиничкиот центар смета дека не била нивна работа да го пријават случајот во полиција. МВР ќе интервенира по службена должност, откако информацијата за смртта на скопјанецот ја прочитале во медиумите. На терен се' уште не излегол никој, иако од смртта на работникот поминаа неколку дена. Причините за несреќата се' уште не се утврдени. Јован Андонов го загуби животот во несреќен случај на работното место во саботата наутро. Андонов, кој бил трета смена на работа, сечел неколкутонска метална плоча, која паднала врз него. Веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар, но поради тешките повреди, починал по два дена.

Иако работодавецот бил должен веднаш да го пријави случајот во полиција и во Трудовата инспекција, тоа не се случило.

„Случајот кај нас писмено е пријавен во вторникот. Се' уште не сме распоредиле кој ќе ја води истрагата. На терен би требало да излеземе денес“, изјави Мирослав Велковски од Трудовата инспекција во Гази Баба.

Дали работникот бил соодветно заштитен и зошто дошло до трагедијата, допрва ќе се утврдува. Од Трудовата инспекција укажуваат дека за работодавците што нема да пријават повреда на работник на работно место, следуваат казни во висина од пет до осум илјади евра.

МВР вчера се заинтересира за случајот, откако „Утрински“ ја објави веста за несреќата.

„Сега ќе дејствуваме по службена должност“, велат од полицијата.

Металната плоча паднала врз Андонов, згмечувајќи му го речиси целото тело. Со тешки повреди бил пренесен во Клиничкиот центар, од каде што никого не известиле дека примиле пациент повреден на работно место.

„Должност на работодавецот е да ја извести Трудовата инспекција и МВР, а наша обврска е само здравствена нега“, смета Соња Стошиќ, портпаролка на Клиничкиот центар.

Од „Макстил“ и вчера не сакаа да го коментираат случајот. Откако во вторникот изјавија „дека за случајот знаеле сите“, вчера тврдеа дека инспекцијата им забранила да даваат изјави додека не заврши истрагата.

Јован Андонов, кој се оженил неодамна, е татко на шестмесечно бебе.


Статијата е прочитана 1511 пати.

Испрати коментар

Од: ivan
Датум: 11.12.2008 01:16:49
kakva tragedija. fala za novinarite. a odgovornata firma za ova treba da se kazni mogu poveke od 8000 evra. zaguben e mlad covecki zivot. sramota i rezil do makstil
Од: majka
Датум: 11.12.2008 09:38:00
8.000 evra?? Da prashame vo MaKSTIL dali ke moze familijata da si kupi sin i tatko. Zarem tolku vredi eden covecki zivot? Rezil se zakonte.
Од: jordan_italy
Датум: 11.12.2008 12:57:35
moj kolega 62godisen italjanec,se odroni zemja vo iskop za podzemna garaza i go potrupa.osiguritelnata kompanija na preuzimacot koj go imase potpisano dogovorot za gradenje isplati 900 000€. dodeka pak druga licnost od 35god.padna od krov,pocina.i negovoto licno osiguruvanje(penzisko) isplati 30 000€.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Ексраководството на „Телеком“ проневерило 4 милиони евра?
Ја ранил поранешната девојка, па се самоубил
Ја претепал сопругата поради љубомора
Едномесечно бебе најдено кај Бит-пазар
Го нападнал татка си поради девојката
Обвинетиот убиствата во Охрид се обиде да се самоубие