Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Со половина сила до целиот плен против Естонија

Македонија славеше со 31:22 на стартот од квалификациите за ЕП 2010 во ракомет

Роберт Димитриевски

Без преголем напор, македонските ракометари ја прокнижија првата победа во квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија, совладувајќи ја Естонија со 31:22 на стартот од третата група. Како што ќе констатира и голманот Борко Ристовски по мечот, Македонија одигра толку колку што беше потребно за успешен почеток на новиот циклус, а разликата во класи треба да ја потврди во денешниот реванш во Полва, закажан за 18,10 ч. Денеска и Норвешка ја пречекува Белгија, со што завршува годинашниот дел од квалификациите, кои ќе продолжат во март. Норвежаните водат во групата со пет бода од три средби, следуваат Исланд со 3 (2), Естонија со 2 (3), Македонија со 2 (1) и Белгија без бодови од три меча.

„Битно ни беше да одиграме како што треба, па не се заморувавме со резултатот. Естонија како име не звучи опасно, сите очекуваа 15-16 разлика, но тие покажаа дека не се толку наивен противник. Сепак, ова не е нашиот максимум. Одиме и во Естонија да победиме со плус девет“, сумира Ристовски, кој ги одигра сите 60 минути и притоа забележа 22 одбрани.

Одличен на голот беше и колегата од спротивниот табор Алексеев, посебно во првата третина од натпреварот, кога до 23 минута нанижа 13 одбрани. Токму тој беше браната за резултатско одлепување на домаќинот по почетното водство од 6:1, кое стагнираше до 13:9, по што евидентно поквалитетниот состав на Иле Темелковски се размавна и во 43 мин. ја досегна највисоката разлика во мечот од 24:13. Тука македонските ракометари повторно подзапреа, па Естонците со серија од пет погодока без одговор се доближија на 25:19 во 51 мин., кога стана јасно дека од Скопје ќе си заминат со едноцифрена негатива.

„Важно победивме, и тоа убедливо, затоа што сме за една класа подобри. Според играта што ја прикажавме во второто полувреме, сигурен сум дека ќе победиме и во Естонија“, самоуверен е левиот бек Радослав Стојановиќ.

Каков епилог очекуваа од овој меч љубителите на ракометот во државава покажа одвај половично исполнетата и недоволно затоплена сала „Борис Трајковски“, во која во вторник ќе биде отворено 8. Европско првенство за ракометарки.

Македонија - Естонија 31:22

Полувреме: 13:8. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Судии: Харабаџу и Станеску од Романија. Исклучувања: Македонија /, Естонија 2 мин. Технички грешки: Македонија 14, Естонија 14.

Македонија: Ристовски (21+1), Ангелов, Алушовски 4 (4/4), К. Лазаров 6 (5/10, 1/3), Митков 1 (1/2), Темелков 4 (4/6), Миркуловски 4 (4/5), Маркоски, З. Мојсоски 1 (1/1), Н. Мојсоски 3 (3/6), Ф. Лазаров 2 (1/3, 1/1), Макалоски 1 (1/4), Ѓоргоноски 3 (3/4), Стојановиќ 2 (2/7). Селектор: Иле Темелковски.

Естонија: Алексеев (13), Наум (2+1), Пинонен 4 (4/7), Р. Леп 4 (3/5, 1/2), М. Леп, Јанима 2 (2/10), Лива 1 (1/2), Патраил 8 (7/18, 1/1), Восалу (0/3), Јохансон 2 (2/2), Сок (0/2), Карусе 1 (1/3), Томла. Селектор: Калмер Мустинг.

 


Статијата е прочитана 219 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Европското првенство во „илегала“
Неверојатниот Супер Пипо за европска пролет на Милан
Кој ќе завладее со Лондон и Манчестер?
Илиевски и Олимпија до првата победа во Евролигата
Магија на Орландо на Денот на благодарноста
Викендов 13 фудбалски преноси на ТВ
Мечот со Шпанија генералка за ЕП