Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Неверојатниот Супер Пипо за европска пролет на Милан

Италијанскиот крал на шеснаесетникот успеа да им донесе на „миланезите“ бод на гостувањето кај Портсмут

 

Колку пати сте ја виделе таа сцена. Трета минута од судиското продолжение, некогаш Јувентус, а денес Милан, го губи мечот или бара некои нови судбоносни три бода, паѓа топката во шеснаесетникот и тогаш гром! Топката удрена со брзина од два и пол на час, едвај влегува преку линијата. Тргнува неговиот иритантен крик до корнер знаменцето и експлозија од одушевување.... Главниот актер, сигурно погодувате е Филипо Инзаги.

Тоа е фудбалерот, кој на горе споменатиот начин завчера на Милан му донесе бод на гостувањето кај Портсмут, 2:2.

Во европските купови Инзаги постигнал 65 гола. Италијанскиот крал на шеснаесетникот го фрли во очај и Портсмут. „Требаше да победиме, но понекогаш во фудбалот не го добиваш тоа што го заслужуваш“, изјави Нванко Кану.

„Морнарите“ водеа со 2:0 до 84 минута со головите на Кабоул и Кану, но како што тоа обично се случува со големите клубови, работите се искомплицираа во самата завршница.

Роналдињо влезе во 75 минута на местото на Шевченко. Од 30 метри Бразилецот заби од слободен удар. „Фратон Парк“ трепереше од исчекување на последниот свиреж на судијата. Но, домашните фанови не го дочекаа со кренати раце. Нормално, се појави од некаде споменатиот Пипо и донесе бод вреден пролет во Европа.

„Мило ми е што асистирав, но Инзаги го заслужува целиот кредит и тој е шампионот број 1 во шеснаесетникот“, го пофали својот колега Џанлука Ѕамброта.

Во двата најинтересни натпревари Ајакс го совлада Хамбургер во Германија со 1:0, а Манчестер Сити славеше над Шалке во Гелзенкирхен со 2:0.

Човекот на одлука за Ајакс беше Леонардо, кој влезе како замена за Сулејмани на 30 минути пред крајот на натпреварот, а 15 минути подоцна го постигна единствениот гол. Манчестер Сити, пак, пред неделното градско дерби со Манчестер јунајтед, покажа дека е силен и без Робињо. Фудбалерите на Марк Хјуз одиграа рутински, а кога Бенјани во 32 минута го отвори резултат беше јасно дека Шалке тешко ќе се врати во натпреварот. Стивен Ајрлнд со вториот гол за Сити го потврди тоа.

Резултати



Група А: Шалке - Манчестер Сити 0:2, ПСЖ - Сантандер 2:2

Табела: Манчестер С. 6 (2 меча), Шалке 4 (3), Твенте 3 (2), Сантандер 2 (3), ПСЖ 1 (2)

Група Б: Галатасарај - Металист 0:1, Олимпијакос - Бенфика 5:1

Табела: Галатасарај 6 (3), Металист 4 (2), Олимпијакос 3 (2), Херта 2 (2), Бенфика 1 (3)

Група Ц: Партизан - Стандард 0:1, Сампдорија - Штутгарт 1:1

Табела: Стандард 6 (2), Сампдорија 4 (2), Штутгарт 4 (3), Севилја 3 (2), Партизан 0 (3)

Група Д: НЕЦ - Тотенхем 0:1, Динамо Загреб - Спартак М. 0:1

Табела: Тотенхем 6 (3), Удинезе 6 (2), Спартак 3 (2), Динамо 3 (3), НЕЦ 0 (2).

Група Е: Портсмут - Милан 2:2, Брага - Волфсбург 2:3

Табела: Милан 7 (3), Волфсбург 6 (2), Брага 3 (3), Портсмут 1 (2), Херенвен 0 (2)

Група Ф: Жилина - Славија Прага 0:0, Хамбургер - Ајакс 0:1

Табела: Астон Вила 6 (2), Ајакс 6 (3), Хамбургер 3 (2), Славија Прага 1 (2), Жилина 1 (3)

Група Г: Бриж - Сент Етјен 1:1, Розенборг - Валенсија 0:4

Табела: Сент Етјен 7 (3), Валенсија 4 (2), Бриж 2 (2), Копенхаген 1 (2), Розенборг 1 (3)

Група Х: ЦСКА М. - Лех Познањ 2:1, Депортиво - Феенорд 3:0

Табела: ЦСКА М. 9 (3), Нанси 4 (2), Депортиво 3 (2), Лех 1 (2), Феенорд 0 (3).

Парлоу: Остро против играчите

со розови копачки



Напаѓачот на Арсенал Никлас Бендтнер влезе од клупата и го постигна единствениот гол за Арсенал на мечот од Лигата на шампионите против Динамо Киев. Се пишуваше многу за регуларноста на тој гол, но и за розовите копачки на Бендтнер. Бившиот менаџер на Болтон и на Њукасл Сем Алардајс, додека беше без работа, извршил истражување и дошол до заклучок дека само 40 отсто од денешните фудбалери носат црни копачки.

По повод новата мода се огласи некогашниот играч на Арсенал Реј Парлоу. „Во мое време имаше едноставни црни копачки. Доколку навистина пружате добри партии, може и да се извлечете со таква опрема. Ги разбирам фудбалерите како Роналдињо, но Бендтнер не играше баш добро во последно време. Зошто некој воопшто би сакал да носи розови копачки?“, се прашува Парлоу.

„Сигурен сум, дека Венгер ги гледа секое утро во најразлични бои и веројатно размислува како да ги распореди по терен, бидејќи тие даваат лоша порака за противникот и во нив изгледате арогантно. Без сомнение дека играчите ќе посакаат да ве истепаат, доколку носите такви копачки, и јас тоа го поддржувам. Повторувам ако секоја недела ги тресете мрежите, не ми е гајле што носите, а тој не беше на потребното ниво“, смета Парлоу.

Бившиот репрезентативец на Англија Пол Паркер, пак, смета дека розовите копачки на Бендтнер се доказ дека светот полудел. „Кога ќе видите дека некој носи бели копачки како Гери Невил тогаш знаете дека работите отишле предалеку.


Статијата е прочитана 336 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Европското првенство во „илегала“
Со половина сила до целиот плен против Естонија
Кој ќе завладее со Лондон и Манчестер?
Илиевски и Олимпија до првата победа во Евролигата
Магија на Орландо на Денот на благодарноста
Викендов 13 фудбалски преноси на ТВ
Мечот со Шпанија генералка за ЕП