Мечот со Шпанија генералка за ЕП
Контролниот натпревар Македонија – Шпанија, што ќе се одигра в недела од 18,30 ч. во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе биде генерална проба за Европското првенство не само за двете репрезентации туку и за сите што на каков било начин се вклучени во организацијата. Пред одговорните од Европската ракометна федерација на некој начин ќе се симулира како ќе изгледа еден натпреварувачки ден на шампионатот, со цел во последен момент да се надминат недостатоците што ќе бидат евентуално констатирани. |