Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кој ќе завладее со Лондон и Манчестер?

В недела во Англија се играат два супер градски дербија Челзи - Арсенал и Манчестер Сити - Манчестер јунајтед

В недела во Премиерлигата ќе се одиграат два супер градски дерби меча. Во Лондон Челзи го пречекува Арсенал, а во Манчестер ќе се судрат Сити и Јунајтед.

Челзи и Арсенал се среќаваат по 143 пат во ситуација кога тимот на Сколари има цели 10 бода повеќе од оној на Арсен Венгер. Лидерот на табелата, кој во последните пет сезони е прв или втор во Премиерлигата, игра одлично, за разлика од Арсенал, кој доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ со три порази едноподруго, а згора на тоа во последните 12 средби со градскиот ривал во сите натпреварувања има само една победа.

Но тоа не ги демотивира фудбалерите на Арсенал. „Сакаме да се вратиме во трката за титулата. Друго не не интересира. Арсенал никогаш никаде не оди да добие бод. Секогаш одиме на победа, дури и против Челзи, кој го респектираме. Со Сколари овој тим игра одличен фудбал со брзи комбинации. Луѓето веќе не отпишаа од борбата за титулата. Но сакам да потсетам дека имаме одиграно само 14. кола. Допрва претстојат тешките битки“, порача новиот капитен на Арсенал Саск Фабрегас.

Лекарскиот тим на Арсенал внимателно го следи здравствениот прогрес на клучните фудбалери - Самир Насри, Еманјуел Адебајор и Бакари Сања, кои се' уште се неизвесни.

Манчестер Сити осоколен од победата над Арсенал во Премиерлигата и над Шалке во Купот на УЕФА го пречекува Јунајтед.

Ѕвездата на Јунајтед Вејн Руни тврди дека и по овој меч официјалниот шампион на Англија ќе биде газда во градот. Гостувањето на Јунајтед кај Сити ќе биде прво откако во клубот дојде шеикот Мансур Бин Зајед (за 210 милиони фунти), кој автоматски го претвори скромниот Сити во еден од најбогатите клубови во светот.

Руни смета дека огромната количина пари не е лоша за англискиот фудбал, но дека истата не може да ја купи славата, која на глобално ниво му припаѓа на неговиот тим.

„Неделниот меч е големо случување. Тоа ќе биде голем натпревар за големи играчи. Би било убаво да им покажеме кој е главен во градот. Фактот дека тие во последно време добиваат поголем публицитет воопшто не ни пречи, се' додека одмораат на средината на табелата и не освојуваат т��офеи“, изјави Руни и додаде дека Сити е добар за конкуренцијата во Лигата. „Парите кои влегуваат во тој клуб се добри за Лигата. Неколку години наназад неколку клуба го водат главниот збор. Време е за нешто свежо“, смета Руни.


Статијата е прочитана 265 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Европското првенство во „илегала“
Со половина сила до целиот плен против Естонија
Неверојатниот Супер Пипо за европска пролет на Милан
Илиевски и Олимпија до првата победа во Евролигата
Магија на Орландо на Денот на благодарноста
Викендов 13 фудбалски преноси на ТВ
Мечот со Шпанија генералка за ЕП