Филипинскиот суд осуди еден возач на рикша на 14.400 години затвор поради речиси секојдневно силување на малолетната ќерка во текот на една година. Судот првично го осуди на смрт таткото-монструм поради 360 кривични дела за силување, но апелацискиот суд му ја смени пресудата во 40 години затвор за секое дело за сексуално злоупотребување, што вкупно изнесува 14.400 години.
Неговата жртва, тогаш 13-годишната ќерка, изјавила пред судот дека злоупотребувањето почнало во јануари 2001 година кога нејзината мајка заминала да работи во Хонг Конг како куќна ��омошничка и ги оставила трите деца со таткото во Манила.
Речиси секојдневно девојчето било принудувано да ги трпи сексуалните злоупотреби за на крај тоа што се случувало да му го раскаже на еден свој роднина, со чија помош поднела тужба против таткото. (МИА)
Е тоа е суд,господа судии на чело со М.Маневски. А не како кај нас, осуди го година-две и кога ќе излезе пак исто си продолжува. Бел ден не треба да види!!!
Од: siki
Датум: 26.09.2010 17:23:20
i kaj nas da se sprovedat takvi odluki ,pa posle ke razmislat tie groznomorni sustestva dali bi posegnale po takvo nesto, bravo za filipinskiot sud