Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Организиран криминал ќе ја води истрагата за штипскиот
секс-скандал

Трансферот на случајот со проституирање на две малолетнички од Штип е официјализиран. Во четвртокот попладнето Јавното обвинителство донело одлука со која целиот случај се пренесува во надлежност на Одделот за организиран криминал на скопскиот Кривичен суд, каде што ќе се води натамошната истрага.

Она што засега е извесно е дека постапката и натаму ќе се однесува на девет лица за кои во Основниот суд во Штип се водеше кривична истражна постапка. Во судот во Штип за осомничените се водеа три паралелни истраги, но може да се очекува тие да бидат сублимирани во една. Не се исклучува можноста со истрагата во Скопје да бидат опфатени и други лица. Двете девојки ќе одговараат за подведување малолетнички, а наставникот за обесчестување со злоупотреба на службената положба и сексуална злоупотреба на малолетно лице кое не наполнило 14 години. Злоупотребуваните девојчиња се сместени во шелтер-центар надвор од Штип, а како што дознаваме, тие веќе биле распитани за случајот.

Скандалот со проституирањето на две малолетнички од Штип беше обелоденет на почетокот на септември. Девојчињата биле продавани на мажи на возраст меѓу 30 и 65 години, од Штип, Куманово, Кочани и од Струмица. За услугата тие на макроата им плаќале од 1.000 до 5.000 денари. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1173 пати.

Испрати коментар

Од: отворено,до народот...
Датум: 25.09.2010 14:12:45
Доста со расправање кој е виновен,и што превземаат институциите.Најитно треба сите институции,родители,да размислуваат да ја заменат бурката,никабот,шамијата со софистицирана облека,каде несканите провокации врз иблисовото око ,не не доведат до најголемото зло.Нормално ете,земаме за збор да никогаш не се охолиме дека покриеноста на старомоден начин е единствениот лек.Вака,како оди работава,набрго и глупирањето по принципот на бизнисмените,да се прави на секој чекор на секое јавно место,оти полека но сигурно се станува нормално.Од толкавата понуда на стара роба на пазарот на трудот,и новата губи на цена.Особено ако се впуштат во пазарењето,големита џамбази.Родители,најитно за два броја зголеметеја гардеробата на вашите деца.Тоа е најголемиот лек,одколку да им читате раферати со саати,кога никој не ве слуша.
Од: јас
Датум: 25.09.2010 16:36:33
@отворено,до народот.. ГОЛЕМИ ГЛУПОСТИ си напишал ..Исто како твојот омилен од кого си го позајмил насловот..

Најди! во Утрински
Хроника
Продолжен притвор за убиството во Охрид
Пресудата за „Изгрев“ остро нападната на Апелација
Изгоре возач во запалена цистерна
Труп во распаѓање најден во Вардар
Ја силувал ќерка си, 14.400 години затвор
Спречен шверц на „вијагра“






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia