Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Продолжен притвор за убиството во Охрид

Се' уште трае распитот на сведоците за убиството на српскиот турист, а крајот не е ниту на повидок

Истражната судијка од Охрид, Весна Кичеец, бара продолжување на притворот за седумтемина осомничени за убиството на српскиот турист во Охрид, кој беше крвнички претепан. Триеседневниот притвор на групата што се наоѓа во затворот „Скопје“, истекува викендов, но со оглед на тоа дека истрагата не е завршена, тие ќе останат в затвор, најверојатно, уште еден месец. Истражната судијка веќе го испратила известувањето до судот дека и' е неопходен дополнителен рок за да ја заврши истрагата. Ваквиот развој на настаните беше очекуван, со оглед на тоа дека не се распитани ниту половина од сведоците што ги предлагаат Обвинителството и одбраната, а имаат каква и да било поврзаност со кобниот настан од 27 август годинава кога во центарот на Охрид до смрт беше претепан српскиот турист Дејан Новаковиќ.

Крајот на распитот на сведоците за убиството не е ниту на повидок. Во досегашната постапка, која трае од крајот на август, досега во Судот во Охрид се појавија 15 сведоци, кои имале каква и е да поврзаност со немилата случка. Најавите се дека останува да се распита уште една поголема група сведоци предложени од Обвинителството, а дури потоа да се пристапи кон распит на ��ведоците од одбраната.

„Останува да се распрашаат уште осуммина сведоци предложени од страна на Обвинителството, а дури потоа ќе се пристапи на сослушување на сведоците на одбраната“, вели истражната судијка Весна Кичеец. Според неа се прават напори во што поскоро време да се заврши распитот на сите сведоци, но дека истрагата ќе трае се' додека не се комплетираат сите изјави.

Во меѓувреме направен е комплетен увид на местото на кое што брутално беше претепан до смрт српскиот турист, кој бил нападнат додека со неговиот пријател се враќале од забава во клубот „Куба либре Хавана “.

„Во меѓувреме ги прегледавме и снимките од безбедносните камери, како и видеозаписите од целиот настан“, објаснува Кичеец.

Бранителите на дел од приведените неодамна реагираа дека истражната постапка за случајот со убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ намерно се одолжува и тврдеа дека барем двајца од нивните клиенти воопшто не учествувале во фаталната тепачка. Ваквите изјави, истражната судијка вели дека се вообичаени коментари од страна на адвокатите, а крајниот збор за тоа кој бил инволвиран во инцидентот, сепак, го има Обвинителството, кое треба да поднесе обвинение.

Судот пред еден месец им одреди 30-дневен притвор на седуммина охриѓани - К.М., Н.Ѓ. и Ш.П. од село Велгошти, потоа Ј.И., Ѓ.Ј. и Ч.Б. од село Мешеишта, како и Ш.Ј. од село Велгошти. Последниот од сосомничените е српскиот државјанин Ѓ.Д. од Лесковац, по кој е распишана меѓународна потерница. Тој веднаш по крвавиот настан ги собрал работите од хотелската соба и ја напуштил државата. Се шпекулираше дека пребегал во Албанија, а од таму во некоја друга земја. Станува збор за лице што и' е познато на српската полиција, поради поврзаноста на озлогласената криминална група „Пинк Пантер“, позната по спектакуларните кражби на најпознатите златарници во светот. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1354 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Организиран криминал ќе ја води истрагата за штипскиот секс-скандал
Пресудата за „Изгрев“ остро нападната на Апелација
Изгоре возач во запалена цистерна
Труп во распаѓање најден во Вардар
Ја силувал ќерка си, 14.400 години затвор
Спречен шверц на „вијагра“






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe