Изгоре возач во запалена цистерна
Две сообраќајни несреќи, во кои две лица ги загубија животите, се случија изминатото деноноќие на патиштата низ земјава.
Според МВР, првата трагична сообраќајка се случила завчеравечер околу 21,40 часот на магистралниот пат кај преминот Делчево кога цистерна со нафта, со скопска регистрација, излетала од патот, се превртела и се запалила, при што дошло до силна експлозија. Возачот на цистерната, 40-годишниот Мазол Исмаилов, починал на самото место.
Во втората несреќа што се случи вчераутро околу три часот, животот го загуби 24-годишниот Дарко Илиев о�� Македонска Каменица. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на патот меѓу Македонска Каменица и Кочани кога Ј.А. (30), управувајќи автомобил БМВ, изгубил контрола и се превртел на патот. Илиев, кој бил еден од тројцата сопатници во возилото, починал на самото место, додека другите двајца се здобиле со повреди и се однесени во болница. Возачот, пак, побегнал и по него се трага. (Г.А.) |